мини|Керамичка печка Печка — направа за греење или готвење, како и за топење на руда и други материјали. Печките содржат шуплива комора која се загрева на контролиран начин. Во употреба се уште од античко време, и се користеле за извршување на широк спектар на задачи што бараат контролирано загревање. Бидејќи се користат за различни намени, постојат многу различни видови печки. Овие типови се разликуваат во зависност од нивната намена и врз основа на тоа на кој начин ја создаваат топлината.
Печките често се користат за готвење, обично печење, понекогаш може да се користат за загревање храна до саканата температура. Печките се користат и во производството на керамика и грнчарија. Печките кои се користат во производството на метали, обично се нарекуваат високи печки. За производство на стакло се користат посебен вид на печки кои го топат стаклото.
Во врска со начинот на кој се создава топлината, некои печки загреваат материјали со согорување на гориво, како што се дрво, јаглен или природен гас, додека други печки користат електрична енергија. Микробрановите печки ги загреваат материјалите со изложување на микробраново зрачење.
Историја Најраните печки се пронајдени во Средна Европа и датираат од 29.000 години п.н.е. Тие биле јами за печење и варење што се користеле за готвење мамути. Во Украина од 20.000 години п.н.е. користеле јами со врел јаглен покриен со пепел. Храната се завиткувала во лисја и се ставала одозгора, а потоа се покривала со земја. Печките се користеле од страна на народите што живееле во долината Инд и во преддинастичкиот Египет. До 3200 година п.н.е., секоја куќа од калливи тули имала печка. Печките се користеле за готвење храна, како и за правење тули. Преддинастичките цивилизации во Египет користеле печки околу 5000–4000 година п.н.е. за производство на грнчарија.
Во средниот век, наместо земјени и керамички печки, Европејците користеле камини во комбинација со големи котли. Тие биле налик на казан. По средниот век, печките претрпеле многу промени. Секој дизајн имал своја намена. Печките на дрва доживеале подобрување преку додавање на огнишни комори што овозможувале подобро задржување и испуштање на чад. Друга препознатлива печка е онаа од леано железо. Овие првпат биле користени околу почетокот на 1700-ти години, кога и самите претрпеле неколку варијации, вклучувајќи ја и печката од железо која имала свој оџак.
Со текот на времето, се развиле нови методи на готвење. Микробрановата печка како алатка за готвење ја открил Перси Спенсер во 1946 година, а со помош на инженерите, микробрановата печка била патентирана. Микробрановата печка користи микробраново зрачење за да ги раздвижи молекулите на водата во храната, предизвикувајќи триење и со тоа произведувајќи топлина.
Галерија
Поврзано Висока печка Огниште Микробранова печка Шпорет
Наводи
Литература Ропер, Франсес. „Чилеанска печка за печење“. Antiquity Publications. Велика Британија: 1937. 355–356. Сополига, Мирослав. „Печка и огниште во украинските живеалишта во Источна Словачка“. Acta Ethnografica Academiae Scientiarium Hungaricae. Будимпешта: 1982. 315–355 Силто, Пол. „Земјената рерна: Алтернатива на скарата од висорамнините на Папуа Нова Гвинеја.“ Книга за готвење на антрополозите: 1997. 224–231. Роџер Кертис. „Перуански или полинезиски: Печката обложена со камен на Велигденскиот Остров.“ Билтен на Новозеландската археолошка асоцијација. 22, бр. 3: 1979. 92–96. Баухоф, Гинтер. „Историја на плочата за печка од леано железо“. Offa Bd. 40: 1983. 191–197.
Категорија:Огништа