Плаза — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бонче. Претставува депо на монети од античкото време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 1,6 километри јужно од селото.
Опис
Наоѓалиштето претставува депо на монети на антички македонски кралеви. Наоѓалиштето е во рамките на комплексот наоѓалишта Старо Бонче.
Поврзано Спаница — осамени наоди од хеленистичкото и доцноантичкото време; Старо Бонче — некропола од хеленистичко и римско време; Црквиште — населба од хеленистичкото и римското време; Висока (Цуцулот, Каве) — остатоци од раноантичкиот град Пелагонија, кои се наоѓаат 2 километри југоисточно од селото, но припаѓаат во атарот на соседното мариовско село Крушевица, на кота од 1.472 метри; Градиште Цветково — остатоци од раноантичка тврдина, предстража на градот Пелагонија на Висока; Вигната — остатоци од ранохристијанска базилика; Миреч Ливада — наоѓалиште од неопределен тип и непознат период; Веслец — утврдување од античко време; Голема Спаница — античка некропола; Горна Преслапта — античка некропола; Грамаѓе — античка населба; Грамаѓе под Три Камна — античка некропола; Грамаѓе под Спаница — раноантичка некропола; Долен Град — античка населба; Дупнатица — раноантичка некропола; Кладенец — античка некропола; Мала Спаница — античка некропола; Петочна Вода — раноантичка некропола; Бонче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Бонче