Црква Св. Троица — археолошко наоѓалиште во прилепското село Големо Коњари. Претставува осамен наод од доцноантичкото време.

Местоположба

Наодот се наоѓа во селската црква „Св. Троица“.

Опис

Северно од црквата и тремот кој служи како трпезарија се наоѓа старохристијански капител со крст на предната страна, релјефно обработен и дел од мермерен столб профилиран на крајот, а во олтарот на црквата една преградна плоча е поставена врз античката база од мермер.

Поврзано Суљук Бара — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Латински Гробишта — некропола од непознат период; Бел Камен — населба од праисторија, антика и среден век; Големо Коњари; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Големо Коњари