Дуњски манастир — манастир во прилепското село Дуње.
Местоположба
Манастирот се наоѓа јужно од селото Дуње, а до него води земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1107 по двоењето за селото Дуње.
Историја
Во дворот на манастирот се наоѓаат остатоци од стара градба на црква, која води потекло од раното христијанство. Се сретнуваат мермерни и гранитни столбови, еден убав капител со помала димензија украсен со листови од лоза, како и еден делумно сочуван споменик со остатоци од натпис.
Со последните градежни активности на овој простор се откриени и цели садови од керамика со старо потекло, од кои еден питос со средна големина може да се види во просториите на новата зграда на манастирот, а на него е аплициран керамички фрагмент со крст изработен во прави форми.
Денешниот манастир започнал со обновување во 1918 година. Првите скромни градби во тоа време биле направени благодарение на братот и сетрата, Цвета и Васил Василески од селото Дуње, кои имале извесно претскажување, но и сознанија дека на тоа место имало стара црква, па започнале со обновување на светото место. Изградиле скромна црквичка и уште една поголема камена градба за потребите на манастирот и започнале со црковна служба за време на празникот Ѓурѓовден. Во поново време, црковните одбори ја обновија црквата, ја обезбедија со иконостас и други, неопходни, црковни предмети, но изградија и една поголема зграда – конак со приземје и два ката, со сала за гостите при одржувањето на црковните служби и славењето на празниците, како и поголем број соби за сместување на гостите, уредија дел од црковниот двор и околината и продолжуваат со слични активности. При подготовките за уредување на просторот и изградбата на објектите, тие открија и остатоци од стара градба, како и голем број интересни споменици – делови од архитектурата на ранохристијанската црква.
Денешната црква е осветена во 1994 година.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дуње Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Прилепското архијерејско намесништво