Црквиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува сакрален објект од старохристијанското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 3 километри североисточно од селото, од левата страна на патот за селото Чаниште, каде има мала височинка со зарамнето плато.

Опис

На наоѓалиштето на простор 10 на 10 метри се гледаат делови од ѕидови на објект граден од кршен камен и варов малтер, од кои најдобро се зачувани оние во северозападниот агол. Околу објектот има расфрлени камени плочи, а во непосредната близина е најдена ара изработена од локален камен.

Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Крушевица (Прилепско)