мини|Реклама од 1956 година за апаратот за готвење ориз, создадена од фамилијата МинамиФумико Минами (1913/4 – 1959) — јапонска домаќинка која придонела за пронаоѓањето на електричниот апарат за готвење ориз.

Живот Фумико била родена во 1913/14 година во семејство од „високо рангирана класа на воини“ и се преселила во Токио со својот татко, кој ги изгубил парите на семејството. Додека работела во ресторан, го запознала својот иден сопруг Јошитада Минами, сопственик на мала семејна фабрика која продавала бојлери на Тошиба. Стапиле во брак и имале шест деца.

Апарат за готвење ориз Во 1950-тите, Тошиба започнал проект за подобрување на електричниот апарат за готвење ориз. Моделите биле достапни уште од 1920-тите, но тие се продавале во мал размер бидејќи сè уште требало топлината да се исклучува рачно, а со тоа требало и постојано да се следи за да се спречи горење на оризот. Додека продавале електрични машини за перење алишта низ Јапонија, инженерот на Тошиба, Шого Јамада, дознал дека жените сметаат дека готвењето ориз три пати на ден, со континуирано прилагодување на топлината за да се добие мек ориз, одземало уште повеќе време од перењето.

Јамада го замолил Јошитада Минами да се обиде да развие подобар апарат за готвење ориз, и тој ја прифатил задачата бидејќи неговата фабрика за бојлери била на работ на банкрот.

Фумико спровела истражување на пазарот за апаратите за готвење ориз што веќе биле достапни и поминал пет години експериментирајќи со фактори како што се односот на вода и температурата при готвењето ориз за да обезбеди информации од витално значење за развојот на апаратот. На пример, таа открила дека конвенцијата за континуирано прилагодување на температурата не била неопходна, но дека готвењето ориз на иста температура дваесет минути постојано би давало добри резултати.

Фамилијата Минами сакале нивниот апарат за готвење ориз да работи во сите услови што можат да се најдат низ цела Јапонија, па затоа Фумико тестирала прототипови во различни услови: на покривот од нивната куќа на сонце; покрај бања со пареа; и во котацу. Нејзиното здравје се влошило додека го тестирала апаратот за готвење ориз на отворено во зима.

Фамилијата Минами на крајот произвеле дволончен апарат за готвење ориз со биметален прекинувач кој го запирал готвењето кога температурата во тенџерето ќе надминела 100°C. Тие вклучиле трослоен капак за да го изолираат во зима. Моделот бил лансиран во 1955 година.

Фумиковата цел била да им го заштеди времето на жените, така што тие би можеле да прават нешто друго три часа дневно. Кога била приморана да лежи во кревет поради нејзината здравствена состојба во 1959 година, добивала писма од жени во кои ѝ изразувале благодарност за нејзиниот придонес во апаратот за готвење ориз. Таа починала таа година на 45 години.

Наводи

Категорија:Женски пронаоѓачи Категорија:Јапонски пронаоѓачи Категорија:Починати во 1959 година