Камено Корито — археолошко наоѓалиште во прилепското село Манастир. Претставува осамен наод од римското време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 200 метри југозападно од селото, на десниот брег на Црна Река.
Опис
На наоѓалиштето во карпите има издблабено корито за гмечење грозје. Обликот му е правоаголен, со димензии од 2,8 на 2,45 на 0,5 метри. На западната и на јужната страна има отвори - канали, а на источната отвор со пречник од 0,1 метар кој води во полукружен базен со пречник од 1,5 метри.
Поврзано Грамаѓе - Белило — некропола од римското време; Камен Крст - Присој — некропола од римското време; Манастир Св. Никола — средновековна црква и некропола; Маркови Кули - Градок — средновековна тврдина и црква; Плевење — некропола од доцноантичкото време; Брест — населба од железно и античко време; Вакафска Куќа — двојно корито од римскиот период; Градиште — населба од бакарно, бронзено и железно време и раноантички период; Лаштигер — населба од бронзено време; Трештена Стена — населба од бакарно и бронзено време; Ќулавите — населба од бронзено време; Црните Тумби — населба од бронзено и античко време; Манастир; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Манастир (село)