Филмска црква — градба налик црква за потребите на филмот „Прашина“ во прилепското село Штавица. Црквата била изградена во 2000 година.
Градбата не претставува вистинска црква, бидејќи архитектонски апсидата се наоѓа на местото на влезот. Денес, градбата се користи како помошен објект на селаните и во нејзе се чува слама.
Црквата во некои извори дури е именувана како Свети Ѓорѓи.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина од асфалтниот пат, на карактеристичните карпи во селото.
Историја
Градбата била подигната во 2000 година за време на снимањето на филмот „Прашина“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Поради потребите на сценографијата, градбата на црквата е свртена со апсидата на западната страна и не претставува вистинска црква.
Архитектура
Градбата е еднокорабна црква со покрив на две води, изградена во поствизантиски стил со ѕидови ѕидани со камен, додека на апсидата се јавува и керамичка декорација на венецот.
Фрескоживопис
Во нишите над влезовите во црквата и на северната страна на црквата се забележуваат фрески од Архангел Гаврил, Свети Ѓорѓи, како и сцени од Страшниот суд.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Штавица