Свети Димитриј (позната и како Свети Димитрија) — главна селска црква во мариовското село Мелница, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат 1107 и во непосредна близина на некогашното село Мелница. Околу нејзе се наоѓаат и старите селски гробишта.
Историја
Црквата е подигната во XIX век.
Во црквата има фрагменти од антички столб, а од надворешната страна на западниот ѕид е вградена плоча од камен со грчки натпис во 7 вертикални редови, која не е моментално видлива.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Црквата е во добра состојба. Се забележува само подземна влага и пукнатини на ѕидовите.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Мелница
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Димитрија во Македонија