Сатока — историско село во областа Мариово, во Општина Прилеп, Прилепско.
Денес, од некогашното село се останати само возобновениот Саточки манастир со црквата „Св. Петка“.
Атарот на некогашното село е приклучен кон атарот на селото Бешиште.
Географија
Селото се наоѓало на бреговите на реката Сатока, по која го добила своето име.
Низ некогашното село поминува неасфалтираниот регионалниот пат 2338, кој води од Бешиште до битолското село Градешница.
Историја
Селото исчезнало за време на Мариовската буна, а од ова село бил водачот на буната, Димитри Стале.
Стопанство
Целокупниот атар на селото припаѓа на селото Бешиште.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.
Манастири Саточки манастир — манастир кај некогашното село.
Реки Сатока — мала река
Поврзано Општина Прилеп Пелагонија
Наводи
Надворешни врски
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Бешиште