Луис Киеран Хол (роден на 8 септември 2004 година, во Слау) — англиски фудбалер, или на и на англиската репрезентација.

Технички карактеристики Многу разновиден играч, кој природно игра со лева нога; може да игра во средниот ред, странично или како мецала, но и во одбраната како лев бек.

Клупска кариера Челси Хол израснал во младинскиот сектор на . Откако минал низ сите категории, тој го направил своето деби за првиот тим на 8 јануари 2022 година, во победата со 5-1 против во ФА купот, во која тој забележал и асистенцијата за третиот гол на „сините“. Неговиот настап, го направил Хол најмладиот играч што започнал натпревар од ФА купот за Челси.

Своето деби во Премиер лигата го направил на 12 ноември 2022 година, играјќи како стартер во поразот со 1–0 од Њукасл Јунајтед. Тој направил вкупно 11 настапи за првиот тим во сезоната 2022-2023 и ја освоил наградата Играч на годината на Академијата на Челси за 2023 година.

Њукасл Јунајтед На 22 август 2023 година, Хол се преселил во , на позајмица до крајот на сезона со задолжителен откуп во износ од 28 милиони евра плус 7 милиони евра во бонуси. Дебитирал за клубот на 24 септември, во гостинската победата против Шефилд Јунајтед со 0–8. На 1 ноември, тој го постигнал својот прв гол за Њукасл во победата од 3–0 против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во натпреварот од четвртото коло на Лига купот. На 15 мај 2024 година, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, повторно во натпревар против Манчестер Јунајтед, овојпат загубен со 3–2.

Откако бил активиран задолжителниот откуп во летото 2024 година, Хол потпишал петгодишен договор со Њукасл станувајќи постојан играч на „страчките“. Во сезоната 2024-2025, тој станал прв избор на позицијата лев бек. Откако доживеал повреда на стапалото против Ливерпул во февруари, Хол морал да го пропушти остатокот од сезоната. Поради тоа не бил во можност да настапи во финалето на Лига купот против истиот противник кое Њукасл го добиле, со што Хол (кој претходно ги одиграл сите 6 натпревари на клубот во натпреварувањето освен финалето) го освоил својот прв трофеј во кариерата.

Репрезентативна кариера Хол ја претставувал Англија речиси во сите младински селекции од под 15 до под 21 година.

На 24 мај 2023 година, Хол бил избран во подготвителниот камп на англиската репрезентација под 21 година пред Европското првенство 2023. На 10 јуни, тој го имал своето деби за репрезентацијата под 21 година за време на пријателски натпревар одигран зад затворени врати против Јапонија.

На 14 ноември, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, влегувајќи како замена на полувремето во победата од 3–0 против во Лигата на нации.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 јануари 2025

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021-2022 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ - - СУ+Скп - - 1 0 2022-2023 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ - - - - - 11 0Вкупно Челси9030--120 2023-2024 ПЛ 18 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 ЛШ 1 0 - - - 22 22024-2025 ПЛ 27 0 ФАКуп+ЛК 1+6 0+0 - - - - - - 34 02025-2026 ПЛ 14 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 ЛШ 4 0 - - - 20 0Вкупно Њукасл Јунајтед59112150762Вкупно во кариерата 68 1 15 1 5 0 - - 88 2

Титули Њукасл Јунајтед Лига куп на Англија : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Луис Хол на fbref Луис Хол на transfermarkt Луис Хол на espn Луис Хол на whoscored

Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Луѓе од Слау Категорија:Живи луѓе