Кумпунофобија — поим што се користи за да се опише фобијата од копчињата на облеката. Оваа фобија редовно води до чувство на страв и/или гадење кога лицата што страдаат се изложени на копчиња визуелно или физички.Saavedra, LM, Silverman, WK, PH.D. 2002, “Case Study: Disgust and a Specific Phobia of Buttons”, Journal of the American Academy of Child and Adolescent Psychiatry, Volume 41, Issue 11, Pages 1376-1379, accessed October 2010 Се проценува дека помалку од еден процент од населението на САД страдаат од оваа фобија.

Познати личности што страдаат од кумпунофобија Стив Џобс, соосновачот на Apple, имал аверзија кон копчиња, што се пројавило во непријатен однос кон копчињата на компјутерскиот хардвер и неговиот избор да носи ролки наместо кошули со копчиња. Некои шпекулираат дека ова влијаело на трендот кон екрани на допир и виртуелни тастатури во дизајнот на уредите на Apple.

Кумпунофобијата во популарна култура Во 2009 г., популарниот автор Нил Гејман објавил промотивна најава за филмот „Коралина“, заснован на неговата повест. Во филмската најава Гејман ги предупредува гледачите за кумпунофобиската содржина на филмот, во кој улогите имаат копчиња наместо очи.

Наводи

Категорија:Фобии