Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ — црква во селото Луково во општината Куршумлија, Топлички Управен Округ. Се наоѓа во рамките на гробиштата Луково (Бабиќ) на источните падини на планината Копаоник. Основана е од кралот Милутин (1282–1321), кој, меѓу другото, бил најголемиот градител во тоа време и еден од најголемите дарители од семејството Немањиќ. Првата намена на црквата била да им служи на рударите кои работеле во близина. Таа била многупати палена поради самата местоположба, која не била мирна во тие раздобја, туку постојано се воделе војни. Врз основа на зачуваните списи, може да се види дека црквата била обновувана најмалку 3 пати: во 1871, 1895 и 1983 година.Туристичка организација Куршумлија - Црква Св. Апостола Петра И Павла Посветена е на апостолите Петар и Павле, во чие име православните го слават празникот Петровден на 12 јули, а Павловден на 13 јули. Се верува дека иконостасот е дело на мајстор од работилницата на Аврам Дичов.

Наводи

Литература Раичевић Слободан (2009), Црква светих апостола Петра и Павла у подкопаоничком селу Лукову, Зборник радова Филозофског Факултета у Приштини, бр. 39

Категорија:Цркви во Нишката епархија Категорија:Пештери во Србија Категорија:Куршумлија Категорија:Пештерни цркви