Владимир Илиевски (р. во ) — македонски прозаист, поет и книжевен теоретичар. Автор е на поетски книги, збирка раскази, романи и книжевно-научни студии. Дел од неговото творештво е преведено на повеќе европски јазици.
Образование Илиевски дипломирал на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата Општа и компаративна книжевност, каде што и магистрирал. Тој докторирал на Филозофски факултет – Загреб на студиите „Модерна и современа хрватска историја во светски и европски контекст“.
Творештво Владимир Илиевски се појавил на македонската книжевна сцена во 1990-тите години како поет. Неговото поетско творештво се одликува со изразена интертекстуалност, урбана чувствителност и аналитички пристап кон личното и општественото искуство.
Како прозаист, тој е автор на збирки раскази и романи во кои се истражуваат современиот субјективитет, меморијата и културните трансформации. Романот „Суво мастило“ (2020; второ издание 2024) влегол во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2020 година. Во 2023 година, за истиот роман, тој ја добил наградата „Книжевен круг за проза“, доделена од Битолскиот книжевен круг.
Како книжевен теоретичар, Илиевски е автор на студијата Цитатноста во лириката (2007), посветена на интертекстуалните стратегии во современата поезија.
Дела
Поезија Гледач на линија (1997) Избор и случајности (2000) Мојата лична амортизација (2002) Нема исти утра (2008) Ноќна еротска програма (2011) Лични податоци (2014) Брзината не убива (2016)
Проза Пената на црниот бран – раскази (2018) Суво мастило – роман (2020; второ издание 2024) Небјавен фељтон – роман (2025)
Книжевна теорија Цитатноста во лириката (2007)
Награди и признанија Финалист за наградата „Роман на годината“ (2020) Награда „Книжевен круг за проза“ – Битолски книжевен круг (2023)
Преводи Дел од поезијата и прозата на Владимир Илиевски била преведена на хрватски, бугарски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик. Неговите поетски и прозни текстови биле наградувани на повеќе анонимни книжевни конкурси во Македонија и во странство.
Надворешни врски „Ако се менува мислењето и светот ќе се смени“ — интервју со Владимир Илиевски, Нова Македонија „Книжевноста може да продре многу подлабоко во она што го нарекуваме човечко и интимно“ — интервју со Владимир Илиевски, Нова Македонија „Разговор со писателот Владимир Илиевски: Историјата како моќна подлога за книжевно дело“ — интервју, Слободен печат
Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски прозаисти Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Доктори на Загрепскиот универзитет