Зелјахово или Зилјахово (, Неја Зихни; до 1927 г. Ζήλεια, Зилија;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζήλεια - Νέα Ζίχνη до 1926 г. Ζιλιάχοβα, ЗилјаховаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζηλιάχωβα - Ζήλεια) — мало гратче во Зихненско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Зелјахово на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.547 жители (2021).

Потекло и значење на името Според Јордан Заимов и Јордан Иванов, селото првобитно се викало Желѣхово. Името произлегува од личното име Желѣх(а), изведено од Жел– во Желимир, Желислав и –ѣхъ. Промената на почетното ж > з можеби се случила под грчко влијание. Топонимот е споредлив е со Либјахово и други.

Кај грчките извори Зелјахово се сретнува под варијантите Зилјахова (Ζιλιάχοβα, Ζηλιάχωβα), Зилихова (Ζιλίχοβα), Зелихово (Ζιλίχοβο), Зелихова (Ζελίχοβα).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Зихна, во источниот дел на Серското Поле, во јужното подножје на планината Сминица, на надморски височина од 260 м. Сместено е 30 километри југоисточно од Сер и 42 км југозападно од Драма, непосредно до државниот пат ЕО12 (Солун–Кавала).

Историја

Средновековие Зелјахово за првпат е споменато во златна була на Цар Андроник II Палеолог () од 1321 г. како Зелихова. Тука се наоѓал метох на „светиот архистратег [Архангел Михаил]“ со три воденици и една црква посветена на Св. Ѓорѓи.

Во Отоманското Царство Со османлиското освојување на крајот и разрушувањето на градот Зихна, како регионално средиште се издига Зелјахово, откако тука е преместено седиштето на казата, најверојатно во почетокот на XIX век кога управувал Хасан-паша Памукчу или неговиот син Фетах-бег.

Во XIX век Зелјахово било претежно гагауско гратче, седиште на Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Поседувало три џамии, една црква, големи чорбаџиски куќи, касарна, машко и женско училиште, осум анови и трговски дуќани. Гагауското население се впрочем потомци на Турци-Вардариоти од времето на Византиското Царство.

Според грчка статистика од 1866 г. во Зилјахова (Ζιλιάχοβα) живееле 1.600 „Грци“ и 900 Турци.Σχινά, Ν. „Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία“, τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано од официалната веб-страница на Општина Зелјахово

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зилјахово (Ziliahovo) имало 440 домаќинства со 270 жители муслимани, 900 Македонци и 170 Грци.

Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Зелјахово имало 301 гагауско и 191 турско домаќинство.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Кон крајот на XIX век, Васил К’нчов поминал низ селото и напишал:

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во Зелјахово имало 2.825 жители, од кои 1.750 Гагаузи, 850 Турци, 120 Македонци, 80 Грци и 25 Албанци-христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зелјахово имало 1.620 Гагаузи, 60 Власи и 160 Македонци под врховенство на патријаршијата.

Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година Зелјахово броело 2.075 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 2.216 лица.

Во 1923 г. сите муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 229 бегалски семејства (вкупно 992 бегалци), така што селото станало мешана домородна-бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Зилија (Ζήλεια). Во 1927 г. е одново преименувано, овојпат во Неа Зихни (Νέα Ζίχνη), во превод „Нова Зихна“.

За време на Втората светска војна, од 1941 г. селото е одново окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 3.429 жители. До крајот на војната тука бил сместен Шеесет и првиот пешадиски полк на бугарската војска.Тодоров, Т., Александрова, Я. – „Пътеводител на архивните фондове 1877 – 1944 г.“, Том 2, София, 1977, Военно издателство, стр. 85 Градоначалник на Зелјахово во 1941–1942 г. бил Веселин Данаилов Ацев. +Места во заедницата Зелјахово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписКаракузиΚαρακούσιМавропулиΜαυροπούλιмесност на ССЗ од ЗелјаховоАк БунарΆκ ΜπουνάρАспри ВрисиΆσπρη Βρύσηвозвишение на ССЗ од Зелјахово (370,6 м)Кир ЧешмеΚίρ ΤσεσμέТоли ВрисиΘολή Βρύσηмесност на ССИ од ЗелјаховоЈарбосΓιάρμποσιЕлевтеронΈλεύθερονмесност на Ј од ЗелјаховоСкидилаΣκιντίλαКсеролакосΞερόλακκοςрека која минува низ ТолосГарничовоΓκαρνίτσοβαПитариΠιθάριмесност на ЈИ од ЗелјаховоБиглиΒίγλεςПаратиритиријаΠαρατηρητήριαвозвишение на ЈИ од ЧаносЧанос БатинаΤσάνος ΜπατίναТумбесΤούμπεςмесност на ЈИ од ЧаносЉамбосΛιάμποςЛемосΛαιμόςмесност на Ј од Зелјахово и И од ЧаносАгит БаирΆγκιτ ΜπαίρКорфулаΚορφούλαвозвишение на И од Чанос (142,1 м)КончицаΚοντσίτσαХарадресΧαράδρεςмесност на Ј од Зелјахово и И од ЧаносАмбетин ЈаринΆμπετίν ΓιαρίνДиремаΔίρεμαрека на Ј од Зелјахово

Стопанство Иако претставува административен и стопански центар на околијата, со повеќе трговски и занаетчиски дуќани, населението претежно се занимава со земјоделство, а основни производи се тутунот и житото. Делумно е развиено и сточарството.

Население

Општествени установи

Основно и средно училиште Полициска станица Пошта

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1835 г., катедрален храм на Зихненско-неврокопската епархија

Личности Родени во Зелјахово Теофил Мироточив наречен „Македонски“ (1460 - 1548) — светец

Поврзано Зихна

Наводи