„Клод Ге“ — краток расказ напишана од Виктор Иго во 1834 година. Се смета за ран пример за „вистинска криминална“ фикција и ги содржи раните размислувања на Иго за општествената неправда, кои триесет години подоцна тој ќе ги разработи во својот роман „Клетници“. Чарлс Карлиер, трговец и уредник на поранешното литературно списание Преглед на Париз (фр: Revue de Paris) сметал дека делото е од толку голема образовна вредност што договорил да се испратат копии до сите пратеници во Франција.
Заплет Клод Ге е сиромашен, гладен жител на Троа, кој не добил никакво образование ниту помош од општеството. Еден ден, без сè, тој краде доволно за три дена дрва за огрев и леб за да ги нахрани љубовницата и детето. Но, тој е фатен, осуден на пет години затвор и испратен во затворот Клерво, стара опатија претворена во затвор со висок степен на безбедност. Таму, затворениците работат како кројачи во валкани работилници преку ден, а спијат во мувлосани ќелии ноќе. Пред да заспијат, им се даваат мали порции храна за да можат да преживеат следниот ден. Но, Клод Ге сака да јаде големи количини, а малите порции храна што му се даваат не се доволни за него. Па така, еден од неговите цимери во ќелијата, млад и срамежлив криминалец по име Албин, спонтано му нуди да ја сподели храната со него. Тоа е почетната точка на едно долготрајно пријателство.
Сепак, затворот е управуван од еден алчен, дрзок и едноставно злобен човек, наречен „Директорот“. Тој е љубоморен на вродената способност на Клод да инспирира пријателство и послушност од сите други затвореници, иако многу пати го користел за да го држи затворот под контрола. Гледајќи го пријателството меѓу Албин и Клод, тој сфаќа дека најдобриот начин да го иритира и повреди Клод е да ги раздели од својот цимер засекогаш, и токму тоа го прави. Кога Клод го прашува директорот зошто го направил ова, директорот одговара „затоа што ми се чинеше така“. Клод го сфаќа ова многу лошо и во следните месеци постојано го моли директорот да му го врати Албин. Бидејќи директорот никогаш не го прави тоа, Клод донесува радикална одлука: ќе го убие директорот. Па еден ден, тој набавува секира и ножици во затворската работилница и чека таму за директоровата ноќна инспекција. Кога директорот пристигнува, го прашува Клод, кој не треба да биде во работилницата, „зошто си тука?“. Потоа Клод го прашува директорот уште еднаш да го ослободи Албин. Уште еднаш, директорот одбива. Директорот вели „не го споменувај тоа повторно, престани да ме досадуваш“. Клод повторно прашува зошто му го направил ова, а директорот повторно одговара „затоа што ми се чинеше така“. Потоа Клод му го сече черепот на директорот со секирата и го убива. Веднаш потоа, Клод се обидува да се самоубие со ножиците со тоа што постојано ги боде во сопствените гради.
Но, Клод не умира и започнува судска истрага во која тој признава дека го убил директорот и ја наведува причината како тоа што му се чинело. Потоа се разболува неколку месеци како резултат на раните, а кога целосно се опоравува, се појавува пред поротниот суд во Троа. На суд, Клод држи елоквентен говор во кој мирно му ги раскажува на судијата сите детали за настаните што го предизвикале да го изврши кривичното дело убиство и ја признава својата вина. Меѓутоа, кога адвокатот на кралот потоа изјавува дека Клод Ге го извршил убиството неиспровоцирано, Клод се лути и повторува долга низа акти на екстремна провокација од страна на директорот. Претседателот на судот потоа го сумира случајот и притоа ги споменува само фактите за Клод Ге кои се спротивни, иако неоспорно вистинити. Потоа Клод е прогласен за виновен и осуден на смрт.
Клод одбива да поднесе жалба, но по враќањето во затворот, калуѓерка која го негувала кога се опоравувал од раните, го моли да размисли повторно. Тој се согласува од благодарност, иако добро знае дека неговото барање нема да биде услишено. Во следните денови, му е забрането да излегува од ќелијата, па дури ни да оди на работилниците. Неговите пријатели во затворот фрлаат разни предмети во неговата соба со кои лесно, според писателот, би можел да избега од затворот. Но, Клод само им ги враќа тие предмети на чуварите.
Конечно доаѓа денот кога треба да биде погубен, бидејќи неговото барање за повторно разгледување на слуајот е одбиен. Го доведуваат кај католички свештеник, на кого му бара прошка за сите негови минати гревови. Го гледа човекот што ќе му го одземе животот и изјавува дека не го смета за виновен за ништо и го помилува целосно. Потоа, една кочија го придружува до пазарот во Троја, каде што е подготвена гилотина. Пред да биде погубен, тој му дава паричка, неговиот единствен имот, на свештеникот што дошол со него, и го моли да им ја даде на сиромашните. Потоа, сечилото на гилотината паѓа на неговиот врат и тој умира.
По приказната следува долг епилог, во кој Виктор Иго го критикува недостатокот на пропорционалност помеѓу образованието и кривичната казна, како и суровото француско општество од деветнаесеттиот век. Последниот дел од неговиот говор е директно наменет за француските пратеници.
Наводи
Надворешни врски
Клод Ге, аудио издание 20x20пкс (на француски)
Категорија:Дела на Виктор Иго Категорија:Криминалистичка белетристика