Трифун Паскалов (р. во Нестрам) — македонски инженер, научен работник од областа на земјотресното инженерство.
Животопис Паскалов е роден на 17 август 1934 г. во костурското село Нестрам, егејскиот дел на Македонија. Основното образование до шестто одделение на грчки јазик го завршил во родното место, а гимназија и Технички факултет завршил во Скопје во 1961 година. Звањето магистер по технички науки го стекнал во 1967 година, а доктор по техничките науки станал во 1973 година. Паскалов престојувал на повеќе универзитети во светот: во Обединетото Кралство, Калифорнија во Соединетите Држави, во Москва и Тбилиси.
Професионалната кариера ја започнал како проектант во ГП „Бетон“ во Скопје (1961–1965), а потоа, до 1990 година, работел во ИЗИИС, почнувајќи од асистент па сѐ до редовен професор. Бил заменик-директор во ИЗИИС (1974–1980) и проректор на „Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1980–1982). Работел како посебен советник во ГП „Рад“, Белград од 1990 до 1996 година.
Паскалов е истакнат научник од областа на земјотресното инженерство, посебно за разни видови инженерски згради. Автор и соавтор е на многу научни и стручни трудови издадени во Македонија и во странство. Автор е на книгата „Земјотреси, сеизмичка опасност и основни принципи на земјотресното инженерство“.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни признанија.
Наводи
Категорија:Македонски инженери Категорија:Македонски сеизмолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски инженери Категорија:Југословенски сеизмолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“