мини|Ботаничка илустрација од Џин Копс од книгата „Флора Батава“Јаболковото нане (науч: Mentha suaveolens), познато и под имињата: ананасово нане, волнено нане или нане со тркалезни листови (синоними M. rotundifolia, Mentha macrostachya, Mentha insularis) — член на семејството нане усноцветни растенија. Потекнува од јужна и западна Европа, вклучувајќи го и медитеранскиот регион. Тоа е тревесто растение, кое е повеќегодишно растение и најчесто се одгледува како билка за готвење или за покривање на празна земја.

Опис Јаболковото нане обично расте до висина од 40 до 100 см високо и се шири за да формира клонални колонии. Лисјата се светло зелени, а спротивните, збрчкани, неподвижни листови се издолжени до речиси овални, од 3 до 5 см долги и од 2 до 4 см широки. Тие се малку влакнести одозгора и пердувести одоздола со назабени рабови. Цветовите се развиваат во терминални класови 4 до 9 см долги и составени од голем број спирали со бели или розови цветови. Јаболковото нане цвета од средината до крајот на летото. Растението е ароматично со овошен вкус на нане.

Таксономија

Хибриди Mentha suaveolens хибридизира со други видови Нане. Хибридите ги вклучуваат:

Mentha × villosa Хадс. (хибрид со Mentha spicata) Mentha × rotundifolia (Л.) Хадс., 1782 (хибрид со Mentha longifolia) Mentha × suavis Гyс., 1826 (хибрид со Mentha aquatica)

Сорти и култури

M. suaveolens – вообичаено име ананасово нане – со шарени лисја и лилави цветови. M. suaveolens „Ананас“ – вообичаено име ананасово нане – со шарени лисја и кремасто-бели цветови. M. suaveolens var. crispa „Мохито“ – со извиткани лисја и лилаво-розови цветови. Mentha suaveolens подвид timija, ендемска мароканска сорта, е позната по своите зимзелени лисја и успева покрај реките во рамнините и планините, со зелени листови и со влакнеста текстура.

Распространетост Јаболковото нане е по потекло од јужна и западна Европа и е одомаќинета во средните и северните делови на Европа. Се наоѓа на влажни места.

Одгледување и употреба Како привлечна билка, јаболковото нане често се користи како украсно растение. Тоа е издржливо и лесно за одгледување, претпочитајќи целосно сонце отколку малку засенчени услови. Листовите на ова растение може да се користат за правење желе од јаболково и нане, како и како зачин во јадења како што е кускус од јаболково нане. Исто така, често се користи за правење чај од нане, како гарнир или во салати.мини|Јаболково нане.

Ананасово нане (Mentha suaveolens) е сорта на јаболково нане која има листови кои се обрабени со бела боја. Хибрид добиен од неа е грејпфрут нане (Mentha suaveolens × piperata).

Јаболковото нане се користи за медицински цели повеќе од илјадници години во многу делови од светот, вклучувајќи ги Африка, Европа, Азија и Америка. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растенија опишани во 1792 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Градинарски растенија Категорија:Нане