Асамати (, Асомата) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 210 метри.
Сместено е на десниот брег на реката Бистрица при нејзиното навлегување во Солунското Поле. Југозападно од селото, на брегот на Бистрица се наоѓа Асоматскиот манастир или „Св. Јован Претеча“. Низводно реката се проширува во вештачкото Асаматско Езеро изградено во 1985 г.
Историја
Ова село уште одамна било населено со грчко население.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Асамати живеат 40 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1902, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Асамати имало 35 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Во 1910 година, во селото Асамати имало 50 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927 На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска вера.
Во 1913 година е забележано со 60 жители, а во 1920 година со 78 жители. По 1923 година, тука биле сместени и шест бегалски семејства со вкупно 24 жители. Како последица на тоа во пописот од 1928 година, бројот на жителите се зголемил на 97, во 1940 година селото веќе има 230 жители (поради населувањето и на други бегалски семејства), во 1951 година пак 230, во 1961 година 296, во 1971 година 266, во 1981 година 383, а во 1991 година 431 жител.
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 532 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 607 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Асомата, во кој Асамати е единственото село.
Поврзано Асаматско Езеро
Наводи
Категорија:Бер (општина)