Црвенокосата Снежана (, ) — шоџо-манга во жанрот фантастика и романтика, напишана и илустрирана од Сората Акидуки. Првично била објавувана во двомесечното шоџо-списание LaLa DX на издавачот Hakusensha од август 2006 до август 2011 г., по што во октомври 2011 г. била префрлена во месечното списание LaLa. Заклучно со мај 2025 г., нејзините поглавја се собрани и објавени во 27 тома танкобон.
Аниме-адаптација во производство на студиото Bones се прикажувала од 2015 до 2016 г. — првата половина се прикажувала во Јапонија од 6 јули до 21 септември 2015 г., а втората половина помеѓу 11 јануари и 28 март 2016 г.
Содржина Во кралството Танбарун, со спокоен и наизглед обичен живот живеела треварката Снежана. Сѐ си одело по својот тек, сѐ додека престолонаследникот Раџ, во народот познат по својата глупост, не ѝ наредил да му стане љубовница. Причината за неговата желба била необичната светлоцрвена боја на нејзината коса. Единствениот излез што ѝ паднал на памет бил да ја отсече својата коса и да ја напушти татковината.
Патувајќи кон соседното кралство, Кларинс, таа во една шума го запознала Зен, кој по среќна случајност се покажало дека е вториот принц на таа држава. Откако надминале некои пречки, повторно поврзани со нејзината коса, тие заедно заминале во палатата, каде што Снежана станала ученичка на дворска треварка.
Ликови Снежана (јап. 白雪) — главната јунакиња во приказната. Родена е со коса со ретка црвена боја, поради што многу се истакнува. На почетокот на приказната, го напушта родното кралство Танбарун бидејќи принцот Раџ решил да ја направи своја љубовница и заминува во Кларинс. Таму со текот на времето стекнува пријатели и станува дворска треварка. Како што се развива дејството, се вљубува во Зен.
Зен Вистарија (јап.ゼン・ウィスタリア) — главниот машки лик во приказната, вториот принц на Кларинс. Ја запознава Снежана додека шета надвор од ѕидините на својата палата со Кики и Мицухиде. Набрзо Зен се отрул со јаболко наменето за Снежана, но со нејзина помош го добил лекот (противоотровот). Иако често бега од замокот, подготвен е за својата улога како принц. Има постар брат по име Изана. Во текот на приказната се вљубува во Снежана.
Оби (јап. オビ) — на почетокот на приказната се обидува да ја отстрани Снежана, но потоа Зен одлучува дека тој не е лош дечко и го прави свој гласник. Во тековниот дел од приказната, тој е витез и помошник на Снежана.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2006 година Категорија:OVA