Rainbow: Nisha Rokubou no Shichinin (македонски: Виножито: Седуммината од блок два, ќелија шест, ) — манга напишана од Џорџ Абе и илустрирана од Масасуми Какизаки. Серијата била објавувана во списанијата за сеинен-манга на издавачот Shogakukan, и тоа во Weekly Young Sunday (2002 — 2008) и Weekly Big Comic Spirits (2009 — 2010), а поглавјата се собрани во 22 тома танкобон. Дејството е сместено во 1950-тите години и се сосредоточува на шест малолетни деликвенти испратени во поправниот дом „Шонан“. Таму учат како да се справат со суровоста и неправдите со кои се соочуваат.

Аниме-адаптација во вид ТВ-серија од 26 епизоди, во производство на студиото Madhouse и во режија на Хироши Коџина, се прикажувала на Nippon TV од април до септември 2010 г.

Мангата е продадена во над 3,3 милиони примероци. Во 2006 г., Rainbow ја освоила 51-та награда за манга на Shogakukan во општата категорија.

Содржина Во 1955 г., шест момчиња што извршиле кривични дела се испратени во специјалниот поправен дом „Шонан“, во блок два, ќелија шест. Приказната ги следи нивните животи за време на престојот во домот, како и годините по нивното излегување, истакнувајќи ги борбите со кои се соочувала ниската класа во повоеното јапонско општество.

Мангата е поделена на четири поглавја: првото поглавје е сместено во периодот 1955–56; второто во 1957–58; третото во 1960–64; и четвртото во периодите 1953–55 и 1964–68. Главните места на дејството се Токио и Шонан.

Ликови

Главни ликови: Блок два, ќелија шест

Рокурота Сакураги (јап. 桜木 六郎太) — Возраст: 18 години. Прекар: Братко (An-chan) — име што му го дале неговите нови пријатели. Бил затворен поради нанесување тешки телесни повреди. Тој е најстариот меѓу цимерите во ќелијата. Силна и добронамерна млада личност. Сакураги е одличен боксер и ги покажал своите вештини нокаутирајќи ги сите шестмина новаци кога Марио ја започнал тепачката. Постојано се грижи за благосостојбата на своите цимери и е подготвен да се жртвува за нив, прифаќајќи ги сите понижувања од Исихара. Во минатото, неговиот татко и петте браќа заминале во војна, а се вратил само татко му, но како сосема друг човек. По една кавга, Сакураги го обвинил татка си за сите несреќи, по што тој се удавил. Поради тоа, Рокурота ветил дека никогаш повеќе нема да ги изгуби луѓето што му се важни. Гласовна изведба: Рикија Којама

Марио Минаками (јап. 水上 真理雄) — Возраст: 17 години — неофицијален водач на шестмината младичи. Марио е затворен поради жестоко претепување на учител што силувал негова соученичка. На самиот почеток на казната започнал тепачка со Сакураги, кој лесно го нокаутирал. Подоцна, Марио почнува да тренира бокс кај Сакураги и покажува голема дарба. Тој е отворена и искрена личност што често ја презема вината на своите пријатели на себе. По излегувањето од поправниот дом, Марио работи како шанкер, каде што сите шестмина често се собираат. Го остварува сонот на Сакураги влегувајќи во професионалниот ринг каде што победува. Гласовна изведба: Шун Огури

Нобору Маеда (јап. 前田 昇) — Возраст: 16 години. Прекар: Желка (Suppon) — најнизок меѓу сите момчиња. Затворен е поради кражба. Целото свое семејство го изгубил за време на избувнувањето на атомската бомба. По бегството станува дилер на црниот пазар, продавајќи цигари набавени од американските воени бази. Гласовна изведба: Роми Паку

Рјуџи Номото (јап. 野本 龍次) — Возраст: 17 години. Прекар: Голтар (Baremoto) — тој е „мозокот“ на групата. Првично се држел настрана, но за време на пожарот (кој самиот го подметнал) го украл клучот од Исихара и ги извлекол момчињата. Го подготвил планот за бегство и бил иницијатор за спасувањето на Марио. Подоцна станува адвокат. Гласовна изведба: Кеиџи Фуџивара

Мансаку Мацура (јап. 松浦 万作) — Возраст: 17 години. Прекар: Зелка (Kyabetsu) — најдобродушната личност во групата. За време на бегството останал да ги задржува чуварите додека останатите ја отворале портата. Подоцна станува професионален кечер. Гласовна изведба: Томохиро Ваки

Тадајоши Тојама (јап. 遠山 忠義) — Возраст: 17 години. Прекар: Бицепс или Војник (Heitai) — силно момче што сонува да служи во војска. За време на бегството се жртвувал за групата затворајќи ја портата и кршејќи го клучот за да не можат да ги следат. Гласовна изведба: Такаја Курода

Џо Јокосука (јап. 横須賀 丈) — Возраст: 16 години. Прекар: Џо — претепал човек што се обидел да го силува. Момче со сини очи и нежен изглед, поради што бил удар на докторот Сасаки. Негов сонот е да стане пејач за неговата сестра Мегу да може да го види еден ден. Гласовна изведба: Тацуја Хасоме

Антагонисти

Исихара (јап. 石原) — надзорник во поправниот дом „Шонан“, главен антагонист во првиот дел од приказната. Сурова личност што ужива во мачењето на затворениците. Подоцна полудува и страда од зависност од дрога и чувство на вина. Гласовна изведба: Коџи Иши

Гисуке Сасаки (јап. 佐々木 義助) — лекар во поправниот дом „Шонан“. Користејќи ја својата положба, вршел сексуална злоупотреба врз затворениците. По откривањето на компромитирачките информации го губи целиот имот и статус. Гласовна изведба: Такаја Хаши

Кумагаи (јап. 熊谷) — надзорник што привремено го менувал Исихара. Според официјалната верзија загинал во сообраќајна несреќа, што кај главните ликови буди сомнеж. Гласовна изведба: Цујоши Аоки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2002 година