Варисцит — хидриран минерал од алуминиум фосфат (). Тој е релативно редок фосфатен минерал. Понекогаш се меша со тиркиз; сепак, варисцитот обично има позелена боја. Зелената боја е резултат на присуството на мали количини на тривалентен хром ().
Геологија Варисцитот е секундарен минерал формиран со директно таложење од вода што содржи фосфати, која реагирала со карпи богати со алуминиум во средина близу до површината. Се јавува како ситнозрнести маси во нодули, шуплини и кори. Варисцитот често содржи бели вени од минералот калциум алуминиум фосфат крандалит.
Првпат бил опишан во 1837 година и именуван по месноста Варишција, историското име на Фогтланд, во Германија. Во еден момент, варисцитот се нарекувал Јуталит. Понекогаш, материјалите што можат да бидат тиркизни или варисцитни се продавале како „варикоаза“. Ценењето на боите во кои обично може да се пронаварицитот го направило популарен скапоцен камен во последниве години.Minerals of Nevada – Nevada Bureau of Mines Special Pub. 31 University of Nevada Press, 2004 Pages 78–81
Варисцитот од Невада обично содржи црна пајажина во матрицата и често се меша со зелена тиркизна боја. Поголемиот дел од варисцитот од Невада пронајден во последните децении бил од рудници лоцирани во округот Ландер и во округот Есмералда, поточно во ридовите Канделарија.Gemstones of North America Volume III by John Sinkankas – Geoscience Press 1997
Значајни локалитети се Лусин, Сноувил и Ферфилд во Јута, САД. Пред некое време бил пронајден минералот и во Вајоминг. Тој исто така се среќава во Германија, Австралија, Полска, Шпанија,Minerals of Nevada – Nevada Bureau of Mines Special Pub. 31 University of Nevada Press, 2004 Pages 78–81 Италија (Сардинија), Бразил и Иран (Јазд).
Накит Варисцитот бил користен во Европа за изработка на лични украси, особено монистра, уште од неолитот. Во тумулите (гробни могили) ископани во 19 век во Бретања во Франција (меѓу кои била и гробницата на Мане ер Хроек во Локмаријакер и могилата Тумијак во Арзон) кои датираат од неолитскиот период, помеѓу 4500 и 4000 година п.н.е., пронајдени биле многу украсни парчиња, монистра и приврзоци. Тие биле направени од зелен камен што Алексис Дамур го идентификувал како хидриран алуминиум фосфат што содржел малку железо, што го сметал за еквивалентен на калисот опишан од Плиниј во неговата Природонаучна работа. Подоцна, варисцитот бил пронајден и на неколку неолитски археолошки локалитети во Шпанија.
Во римско време, варисцитот бил користен за имитирање на смарагдните кристали што се користеле како приврзоци, врежани во призми дупчени надолжно низ центарот, но со осум страни наместо шестте страни типични за смарагдните кристали. Дури во 19 век било утврдено дека целиот варисцит што се користел во Европа потекнувал од три локации во Шпанија, Гава (Барселона), Палазуело де лас Куевас (Замора) и Енсинасола (Хуелва).
Варисцитот понекогаш се користи како полускапоцен камен и е популарен за резба и украсна употреба поради неговата убава и интензивна зелена боја, а најчесто се користи во среброто наместо тиркизот. Варисцитот е поредок и поретко достапен од тиркизот, но бидејќи не е толку лесно достапен како тиркизот, ниту е добро познат за пошироката јавност, суровиот варисцит има тенденција да биде поевтин од тиркизот.
Галерија
Наводи
Категорија:Скапоцени камења Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Фосфатни минерали Категорија:Минерали на алуминиумот