Тривела — фудбалски удар со надворешниот дел од стапалото, што ѝ дава на топката ефект на отстапување од праволиниската патека. Оваа техника се користи за додавање или шутирање, при што се изненадува одбраната и голманот. За добар тривела удар клучно е топката да се удри под агол со трите надворешни прсти.
Техниката е популарна за шутеви од далечина или при нафрлање кога играчот сака топката да сврти подалеку од противничкиот голман.
Фудбалери кои се познати по оваа техника на удирање се Рикардо Кварезма, Ламин Јамал, Лука Модриќ, Роберто Карлос, Роналдињо Гаучо, Томаш Розицки, Хакан Чалханолу и Анхел ди Марија.
Роберто Карлос е познат по неговиот тривела-гол против Франција во 1997 година кога шутирал од оддалеченост од голот од околу 40 метри, со брзина на топката од околу 120 км/ч.
Наводи
Категорија:Фудбалска терминологија