Рај () — американски постапокалиптичен политички трилер, создаден од Ден Фогелман, во кој главните улоги ги толкуваат Стерлинг К. Браун, Џулијан Николсон и Џејмс Марсден. Премиерно бил прикажан на платформата Hulu во Соединетите Американски Држави на 26 јануари 2025 г. Серијата добила во целост потврдни одзиви, со посебни пофалби за нејзината концепција, сценариото и глумечките изведби (особено на Браун, Николсон и Марсден). На 77-те награди Primetime Emmy, серијата била номинирана за Најдобра драмска серија, а глумечки номинации добиле и тројцата главни глумци.

Во февруари 2025 г., серијата била продолжена за втора сезона, чија премиера била на 23 февруари 2026 г.

Содржина Сместена во огромен подземен бункер во Колорадо, три години по апокалиптичен настан што го уништил светот, серијата го следи агентот на Тајната служба на САД, Ксавиер Колинс. Неговата мисија е да ја открие вистината зад убиството на претседателот на Соединетите Американски Држави.

Додека самиот Ксавиер станува главен осомничен за смртта на претседателот Бредфорд, тој започнува очајна потрага по одговори за тоа што навистина се случило. Несигурен во тоа кому може да му верува, неговите прашања го водат до серија шокантни откритија што го менуваат неговото разбирање за светот во кој живеат.

Улоги

| Стерлинг К. Браун | агент Ксавиер Колинс |- | Џулијан Николсон | Саманта „Синатра“ Редмонд |- | Сара Шахи | Габриела Тораби |- | Никол Брајдон Блум | агентка Џејн Дрискол |- | Алија Мастин | Пресли Колинс |- | Перси Дагс IV | Џејмс Колинс |- | Џејмс Марсден | Кал Бредфорд |- | Џон Биверс | агент Били Пејс |- | Крис Маршалс | Никол Робинсон

Наводи

Надворешни врски

Рај на Hulu

Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски трилери Категорија:Американски научнофантастични серии