„Сè за убавината“ (српски: Sve za lepotu) — збирка раскази на српскиот писател Игор Маројевиќ.
Содржина Збирката содржи 17 раскази, поделени во неколку циклуси:
Трагачи Прстен Да се напушти станот Пераст Војна за честа на Моана Поци
Медитерани Нурија Топложолта Капки Златните години на ЈУ кинематографијата Вагонот од втора класа
Белграѓанки Внатре Карневал Игра Сивиот комплет
Смртта на познатите Злоќудната магија на сарказмот Сликописание Улов Транзит
За делото Повеќето од расказите застапени во книгата се претходно објавени во збирките: „Трагачи“ (2001), „Медитерани“ (2006 и 2008) и „Белграѓанки“ (2014). Според кажувањето на авторот, збирката ги содржи конечните и значително изменетите верзии на овие раскази. Од нив, најкрупни промени, според обемот и структурата, претрпел расказот „Прстен“ кој претходно бил објавен како дел од збирката „Трагачи“ со насловот „Знаци“. Поради тоа, „Пртсен“, всушност, може да се смета за сосема нов расказ. Истото се однесува и на расказот „Улов“ на кој, исто така, му е изменет насловот, а која не е претходно објавена. Расказот „Карневал“ првобитно бил наменет за збирката „Белграѓанки“, но неговата првична верзија не била доволно квалитетна, па затоа тој не бил објавен, така што и тој за првпат се појавува во оваа збирка. Последниот циклус, „Смртта на познатите“, ги содржи најновите раскази на Маројевиќ при што „Злоќудната магија на сарказмот“ и „Сликописание“ претходно не се објавени.„Napomene autora“, во: Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021, стр. 5.
Збирката претставува интригантен бревијар за убавината која е изразена во стремежите на главните ликови за љубовта, светот, создавањето, внатрешниот и надворешниот живот, уметноста, еротиката, телото... Книгата покрива различни епохи: од современата српска транзиција, развојот на источноевропската порнографија, периодот пред Шпанската граѓанска војна, периодот по Втората светска војна, па сè до настаните кои ја предизвикале Првата светска војна. Притоа, како главни ликови во расказите се појавуваат не само луѓе од денешнината, туку и Федерико Гарсија Лорка, Валтер Бењамин, Франц Фердинанд, Анте Павелиќ, Моана Поци итн.Igor Marojević, Sve za lepotu. Dereta, Beograd, 2021.
Наводи
Категорија:Дела на Игор Маројевиќ Категорија:Српски раскази Категорија:Книги од 2021 година Категорија:Изданија на Дерета