мини|Дебиси во 1905 година десно|мини|300x300пкс|„L'isle Joyeuse“ започнува со хроматска целотонска каденца. десно|мини|200x200пкс|Целостепена скала од А , лидијска од А и дурска скала од А.

Остров на радоста (L'isle joyeuse) е дело за соло клавир компонирано од Клод Дебиси во 1905 година. Се смета дека сликата „Патот за Китира“ од Жан-Антоан Вато била инспирацијата за ова дело, со тоа што Дебиси го пресликува патот на ликовите во сликата кон Китира, кој е островот кој се смета за родното место на Афродита, и поради кој се поттикнати љубовните и екстатичните емоции на ликовите. Според Џим Самсон (1977 г), „централната поврзаност во делото е базирано на целостепена скала, лидиски модус и дијатонска скала, со тоа што лидискиот модус функционира како преод меѓу другите две скали.“

Експозиција, тактови 1–98 Воведот создава целостепен тонален контекст. Во тактовите 15–21 се употребува лидиска скала од тонот А како премин, преку додавањето на Г природно, во целостепениот тонален контекст на нов мотив во 21ви такт. Овој лидиски контекст служи за премин од целостепен тонален модус од тонот A во а -дур, прекинат со повремени лидиски D s, на втората тема во такт 67.

Среден дел, тактови 99–159 Другата транспозиција на целостепена скала, која се избегнува во останатите делови, се користи и обезбедува дополнителен хармонски контраст.

Рекапитулација, тактови 160–255 Вториот субјект се појавува во чиста А-дур, „крајната тонална цел на делото“. Воведните коди се „погласни и поживописни до самиот крај“. Завршува со гласно тремоло, група грациозни ноти што се искачуваат до две октави на А-ноти во највисоките регистри на пијаното, и брзо, конечно арпеџо, истото арпеџо што се користи за да ја придружува првата употреба на вториот субјект, свирено надолу, удирајќи значително во најниската нота на клавијатурата (А0).

Литература

Schmitz, E.Robert (1950), The Piano Works of Claude Debussy, Toronto: Dover, p. 94, LCCN 66-20423

Надворешни врски

L'isle Joyeuse: Scores at the International Music Score Library Project Recording by Alon Goldstein in MP3 format (archived on the Wayback Machine)

Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Дела од Дебиси