Жирје — остров и населба во хрватскиот дел од Јадранското Море. Се наоѓа во Шибеничкиот архипелаг, околу 22 километри југозападно од Шибеник, што го прави најоддалечениот трајно населен остров во Шибеничкиот архипелаг. Неговата површина е 15,08 км2, и има население од 103 жители според пописот од 2011 година. Неговото население постојано се намалува: 720 жители во 1953 година, 207 жители во 1981 година, и 124 жители во 2001 година.
Островот е составен од два варовнички гребени. Меѓу нив се наоѓа плодна долина. Вегетацијата на островот е главно составена од грмушести предели, со малку земјоделско земјиште во централните делови на островот. First Croatian online peljar Главни индустрии се земјоделството (грозје, маслинки, сливи, смокви и вишни) и риболовот. Рибата е изобилна во водите околу Жирје.Žirje on croatiatouristcenter.com
Сепак, туризмот на Жирје останал во голема мера неразвиен во споредба со другите острови на хрватскиот Јадран.
Во 12 и 13 век островот бил бранет со тврдини и ѕидови изградени врз темелите на постара византиска тврдина од 6 век. Поради неговата употреба од страна на Југословенската народна армија, јужните и југозападните делови на островот биле забранети за островјаните и посетителите речиси половина век.
Фериботското пристаниште на островот овозможува врска до центарот Шибеник преку рутата D128.
Демографија Во 2021 година, населението изнесувало 147 жители.
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Жирје на infoadriatic.com Официјални страници на островот Жирје
Категорија:Населени места во Шибенско-книнската жупанија Категорија:Острови во Јадранското Море