Зларин е остров во Хрватска, југозападно од Шибеник во Јадранското Море. Административно, е дел од Шибенско-книнската жупанија. Од копното e одделен со Шибенскиот канал, широк 1.300 метри. Површината на Зларин изнесува 8,19 км. Долг е 6,2 км од 'ртот Марин до 'ртот Рат, а просечната ширина е 2,1 км. Вегетациската покривка е сиромашна. На места се среќава борова шума. Највисокиот врв на островот е Клепац висок 169 м.

Единствената населба на островот е Зларин, сместена во длабок залив на северозападниот брег. Трагите од населбата датираат од неолитот. Првпат била спомената во 1298 година. Традиционалните занимања како што се морепловство, одгледување корали и риболов се речиси исчезнати.

Галерија

центар|мини|800x800пкс|Зајдисонце во Зларин сликано од пристаништето

Наводи

Надворешни врски

Викимапија: Островот Зларин Зларин, островот на жените... („Политика“, 23 август 1936), стр. 10 Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Острови во Хрватска