Андреј Атанасов Ѓуров (; р. 31 декември 1975 во Неврокоп) — политичар од Пиринска Македонија, член на партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) и поранешен технички премиер на Бугарија во првата половина на 2026 година.
Животопис Роден на 31 декември 1975 година во градот Неврокоп, Пиринска Македонија. Ѓуров започнал студии по економија во 1994 година, прво на Софискиот Универзитет, а од 1997 година на Универзитетот „Труман Стејт“ во Мисури, САД, каде дипломирал во 1999 година. Потоа работел една година како кредитен аналитичар во „Харис Банк“ во Чикаго. Се преселил во Виена за да докторира во Универзитетот на Виена во областа на финансии. Ги завршил докторските студии во 2005 година.
Дополнително, од 2002 до 2007 година работел како експерт за управување со кредитен ризик во австриските „Фолксбанки“. Во зимскиот семестар 2007/2008 година предаваал банкарски менаџмент на Универзитетот во Виена. Од 2008 до 2009 година бил извршен директор на „Пирин Голф Холидејс Клуб“ во Мехомија, Пиринска Македонија. Од 2010 до 2021 година бил доцент по економија на Американскиот универзитет во Бугарија во Горна Џумаја. Од 2016 до 2021 година предавал и на Виенскиот универзитет за применети науки.
На парламентарните избори во Бугарија во ноември 2021 година, Ѓуров бил повторно одбран за пратеник во Народното собрание на Бугарија од либералната партија „Продолжуваме со промената“. Тој бил реизбран за пратеник и на изборите во октомври 2022 и април 2023 година. Во парламентот ја вршел функцијата претседател на пратеничката група на неговата партија.
Од јули 2023 година е подуправник на Бугарската народна банка. На 12 февруари 2026 година, претседателката Илијана Јотова му го додели мандатот на Ѓуров за составување преодна влада. Негова главна задача е подготовка на предвремените парламентарни избори во април 2026 година. Во 8 мај 2026 година бил наследен од Румен Радев.
Наводи
Категорија:Македонски политичари Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Луѓе од Неврокоп Категорија:Македонски економисти