десно|мини|Бизмаркскиот сафирен ѓердан изложен во Националниот музеј за природна историја во Вашингтон Сафирен ѓердан на Бизмарк — ѓердан од сафир дизајниран од конгломератот Картие, Инк. во 1935 година. Од 2010 година, ѓерданот бил изложен помеѓу Холскиот сафир и дијамантскиот ѓердан и Логановиот сафир во Салата за геологија, скапоцени камења и минерали „Џенет Аненберг Хукер“ во Националниот музеј за природна историја на институцијата Смитсонијан во Вашингтон, САД. Именуван бил по грофицата Мона фон Бизмарк, која го донирала делото на Смитсонијан во 1967 година. Самиот сафир бил ископан во Бурма (сега Мјанмар) и бил купен од грофицата во Шри Ланка во 1926 година за време на нејзиниот меден месец со Харисон Вилијамс.
Ѓерданот се состои од еден ланец од платински алки поврзани со парови тркалезни дијаманти со брилијантен крој. Бизмарскиот сафир е поставен во приврзок на предната страна од ѓерданот, опкружен со дијаманти со облик на багет и осум помали сафири со облик на квадрат поставени симетрично околу рабовите на ѓерданот.
Наводи
Категорија:Познати сафири Категорија:Ѓердани