Ново Село или Нихор ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Νεοχώρι — село во Општина Довишта во Серскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 92 жители РомиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 РомиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Паралимнион.
Знаменитости Црква „Св. Нектариј“ од 1972 г.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Довишта