Хауеритот е сулфиден минерал во пиритната група. Тој е минерална форма на манган(IV) дисулфид MnS2. Формира црвеникаво-кафеави или црни октаедарски кристали со пиритска структура и обично се наоѓа поврзан со сулфидите на други преодни метали како што е рамбергитот. Се јавува во ниски температури, средини богати со сулфур поврзани со фумаролни и наслаги на сол во асоцијација со природен сулфур, реалгар, гипс и калцит.

Откриен е во Австроунгарија во наоѓалиштето на сулфур Калинка (сега село Виглашка Хута-Калинка) во близина на Детва, во денешна Словачка, во 1846 година и именуван е по австриските геолози, Јозеф Ритер фон Хауер (1778–1863) и Франц Ритер фон Хауер (1822–1899).

Се наоѓа во Тексас, САД, Уралските Планини во Русија и Сицилија, Италија.

Под услови на висок притисок (P>11 GPa), хауеритот претрпува голем колапс во волуменот на единечните ќелии (22%) предизвикан од транзиција во спин-состојба.

Наводи

Категорија:Сулфидни минерали Категорија:Коцкести минерали Категорија:Минерали на манганот Категорија:Минералогија