Во историјата на термодинамиката, „За рамнотежата на хетерогени супстанции“ е труд од 300 страници напишан од американскиот хемиски физичар Вилард Гибс. Тој е еден од основачките трудови на термодинамиката, заедно со трудот на германскиот физичар Херман фон Хелмхолц од 1882 година „Хемиски термодинамиски процес“. Заедно тие ја формираат основата на хемиската термодинамика, како и голем дел од физичката хемија.

Трудот на Гибс ги означува почетоците на хемиската термодинамика со интегрирање на хемиски, физички, електрични и електромагнетни феномени во кохерентен систем. Во него тој воведува концепти, како што се хемиски потенцијал, фазно правило и други, кои ја формираат основата на модерната физичка хемија. Американскиот писател Бил Брајсон го опишува трудот на Гибс како „Принципи на термодинамиката“.

„За рамнотежата на хетерогените супстанции“ првично била објавено во релативно непознато американско списание, „Трансакции на Академијата на уметности и науки во Конектикет“ во неколку делови во перодот меѓу 1875 и 1878 година (иако повеќето ја наведуваат „1876“ како клучна година). Ова дело во голема мера останало непознато, сè додека не било преведено на германски јазик од Вилхелм Оствалд и на француски јазик од Анри Луј Ле Шателје.

Преглед Гибс првпат придонел кон математичката физика со два труда објавени во 1873 година во „Трансакции на Академијата на уметности и науки во Конектикет “ на тема „Графички методи во термодинамиката на флуидите“ и „Метод на геометриско претставување на термодинамичките својства на супстанциите преку површини“. Неговиот најважен труд бил „За рамнотежата на хетерогените супстанции“ (во два дела, 1876 и 1878 година). Во овој монументален, испреплетен трактат од 300 страници, првиот и вториот закон на термодинамиката, како и основната термодинамичка релација се применуваат за предвидување и квантификација на термодинамичките реакциски тенденции во кој било термодинамички систем во визуелен, тридимензионален графички јазик на Лагранжовата механика и фазните транзиции. Како што наведува Ле Шателје, тоа „основа нов оддел за хемиска наука кој станува споредлив по важност со оној создаден од Антоан Лавоазје“. Ова дело било преведено на германски јазик од Оствалд (кој го нарекол неговиот автор основач на хемиската енергетика) во 1891 година и на француски јазик од Ле Шателје во 1899 година.

Трудот на Гибс за рамнотежата се смета за едно од најголемите достигнувања во физичката наука во 19 век и еден од темелите на науката за физичка хемија. Во овие трудови, Гибс ја применува термодинамиката во интерпретацијата на физичко-хемиските феномени и ги покажува објаснувањето и меѓусебната поврзаност на нешто што било познато само како изолирани, необјасниви факти.

Гибсовите трудови за хетерогени рамнотежи вклучуваат:

Некои концепти за хемиски потенцијал Некои концепти за слободна енергија Гибсов ансамблски идеал (основа на полето на статистичката механика) Фазно правило

Наводи

Категорија:Физички трудови Категорија:Статии физика Категорија:Термодинамика Категорија:Термодинамика литература