Хризотил или бел азбест — најчесто среќаваната форма на азбест, сочинува приближно 95% од азбестот во Соединетите Американски Држави и сличен процент во други земји. Тој е мек, влакнест силикатен минерал во серпентинската подгрупа на филосиликати; како таков, се разликува од другите азбестни минерали во групата амфиболи. Неговата идеализирана формула е Mg3(Si2O5)(OH)4. Материјалот има својства што го прават пожелен за вклучување во градежни материјали, но претставува сериозен ризик по здравјето кога се дисперзира во воздух и се вдишува.
Политипови Познати се три политипови на хризотил. Овие се многу тешки за разликување во рачни примероци и нормално мора да се користи поларизирана светлосна микроскопија. Некои постари книги го споменуваат хризотилот како група минерали - трите политипови наведени подолу, а понекогаш и пекораит - но препораките од 2006 година на Меѓународното минералошко здружение претпочитаат да го третираат како единствен минерал со одредена варијација во неговите природно присутни форми. Име Кристален систем Место наводmindat.org Параметри на единечна ќелија Навод за кристална структура Клинохризотил моноклински Злоти Сток *, Долна Шлезија, Полска 1071 а = 5,3 Å; b = 9,19 Å; c = 14,63 Å; β = 93° Ортохризотил орторомпски Областа Кадапа*, Андра Прадеш, Индија 3025 а = 5,34 Å; b = 9,24 Å; c = 14,2 Å Парахризотил орторомпски неизвесен 3083 а = 5,3 Å; b = 9,24 Å; c = 14,71 Å Извор: mindat.org. *Злоти Шток и Кадапа порано биле познати како Рајхенштајн и Кудапа, соодветно, и овие имиња може да се појават во некои публикации. Клинохризотилот е најчест од трите форми, пронајден особено во Вал-де-Сурс, Квебек, Канада. Неговите два мерливи показатели на прекршување имаат слонетост да бидат пониски од оние на другите две форми. Орторомпските паратипови може да се разликуваат по фактот што, за ортохризотилот, повисокиот од двата мерливи пказатели на прекршување се мери паралелно со долгата оска на влакната (како кај клинохризотилот); додека за парахризотилот повисокиот показател на прекршување се мери нормално на долгата оска на влакната.
Физички својства лево|мини|SEM фотографија од хризотил Групниот хризотил има тврдост слична на човечки нокт и лесно се распаѓа на влакнести нишки составени од помали снопови фибрили. Природно појавените снопови влакна се со должина од неколку милиметри до повеќе од десет сантиметри, иако индустриски обработениот хризотил обично има пократки снопови влакна. Пречникот на сноповите влакна е 0,1–1μm, а поединечните фибрили се уште потенки, 0,02–0,03 μm, секој сноп влакна содржи десетици или стотици фибрили.
Хризотилните влакна имаат значителна цврстина на истегнување и можат да се предат во конец и да се вткаат во ткаенина. Тие се исто така отпорни на топлина и се одлични термички, електрични и акустични изолатори.
Хемиски својства Идеализираната хемиска формула на хризотилот е Mg3(Si2O5)(OH)4, иако некои од магнезиумовите јони може да бидат заменети со железо или други катјони. Замена на хидроксидните јони со флуорид, оксид или хлорид е исто така позната, но поретко. Поврзан, но многу поредок минерал е пекораит, во кој сите магнезиумски катјони на хрисотил се заменети со никелни катјони.
Хризотилот е отпорен дури и на силни бази (азбестот е стабилен во вода со висока pH вредност на портланд цементот), но кога влакната се нападнати од киселини, магнезиумовите јони селективно се раствораат, оставајќи силициумски скелет. Термички е стабилен до околу , на која температура почнува да дехидрира. Дехидратацијата е комплетна на околу , при што крајните производи се форстерит (магнезиум силикат), силициум диоксид и вода.
Реакцијата на глобалната рамнотежа на масата на дехидрацијата на хрисотил може да се запише на следниов начин:
\overset{Chrysotile\ (serpentine)}{2Mg3Si2O5(OH)4} ->[750^\circ C] [{dehydration}] \overset{Forsterite}{3Mg2SiO4} + \overset{silica}{SiO2} + \overset{water}{4H2O}
Реакцијата на дехидратација на хрисотил (серпентин) одговара на обратната реакција на хидролизата на форстерит (Mg-оливин ) во присуство на растворен силициум диоксид (силициумска киселина).
Употреба Претходно, во 1990-тите години се употребувало во азбестно-цементни производи (како цевки и лимови).
Магнезиум сулфат (MgSO4) може да се произведе со третирање на хризотил со сулфурна киселина (H2SO4).
Безбедносни проблеми мини|Хризотилен азбест Хризотилот е вклучен заедно со други форми на азбест во класификацијата како човечки канцероген од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) и од страна на Министерството за здравство и човечки услуги на САД. Во нив се наведува дека „Изложеноста на азбест е поврзана со паренхимална азбестоза, плеврални абнормалности поврзани со азбест, перитонеален мезотелиом и рак на белите дробови, а може да биде поврзана и со рак на некои екстраторакални места“. Во други научни изданија, епидемиолозите објавиле рецензирани научни трудови во кои било утврдено дека хризотилот е главната причина за плеврален мезотелиом.
Хризотилот е препорачан за вклучување во Ротердамската конвенција за претходна информирана согласност, меѓународен договор кој ја ограничува глобалната трговија со опасни материјали. Доколку биде наведен, извозот на хризотил би бил дозволен единствено во земји кои експлицитно се согласуваат со увоз. Канада, голем производител на минералот, била остро критикувана од Канадското медицинско здружение за нејзиното противење на вклучувањето на хризотилот во конвенцијата.
Според Регулативата на ЕУ 1907/2006 (REACH), пласирањето во промет и користењето на хризотил и на производи што содржат хризотил се забранети.
Од март 2024 година, Агенцијата за заштита на животната средина на САД ги финализирала регулативите за забрана на увоз на хризотилен азбест (стапиле на сила веднаш) поради неговата поврзаност со рак на белите дробови и мезотелиом. Сепак, новите правила можат да дозволат до десетина години за постепено укинување на употребата на хризотил азбест во некои производствени капацитети. Долгиот период на постепено укинување било резултат на силно лобирање од страна на корпорацијата Олин, голем производител на хемикалии, како и трговски групи како што се Трговската комора на САД и Американскиот совет за хемија. Хризотил азбестот денес е забранет во повеќе од 50 други земји.
Критичарите на безбедносните прописи
1990-ти: Спор меѓу Канада и Европа Спор околу ГАТТ Во мај 1998 година, Канада побарала консултации пред СТО и Европската комисија во врска со забраната на Франција од 1996 година за увоз и продажба на сите форми на азбест. Канада изјавила дека француските мерки се спротивни на одредбите од Договорите за санитарни и фитосанитарни мерки и за технички бариери во трговијата, како и од Општата спогодба за царини и трговија од 1994 година. ЕК тврдела дека постојат побезбедни материјали за замена кои го заменуваат азбестот. Таа нагласила дека француските мерки не се дискриминаторски според условите на меѓународните трговски договори и се целосно оправдани од причини поврзани со јавното здравје. ЕК понатаму тврдела дека во јулските консултации се обиде ла да ја убеди Канада дека мерките се оправдани и дека токму кога Канада ги прекинала консултациите, таа (ЕК) била во процес на поднесување значителни научни податоци во корист на забраната за азбест.
2000-ти: Канадскиот извоз се соочува со растечки глобални критики Кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, Владата на Канада продолжила да тврди дека хризотилот е многу помалку опасен од другите видови азбест.Хризотилот продолжил да се користи во новата градба низ Канада, на начини кои се многу слични на оние за кои се извезувал хрисотилот. Слично на тоа, „Природни ресурси на Канада“ еднаш изјавиле дека хризотилот, едно од влакната што го сочинуваат азбестот, не е толку опасен како што некогаш се сметало. Според информативниот лист од 2003 година, „денешното знаење и современата технологија можат успешно да го контролираат потенцијалот за штета врз здравјето и животната средина што ја предизвикува хрисотилот“. Институтот „Хризотил“, здружение делумно финансирано од канадската влада, исто така истакнато тврдел дека употребата на хризотил не претставува еколошки проблем и дека вродените ризици од неговата употреба се ограничени на работното место.
Сепак, под зголемените критики од еколошките групи, во мај 2012 година, канадската влада престана да го финансира Институтот Хризотил. Како резултат на тоа, Институтот Хризотил денес е затворен.>Asbestos Advocacy Group Shuts Its Doors, Vancouver Sun, 29 April 2012
Канадската влада продолжува да биде критикувана и од домашни и од меѓународни причини за својот став во врска со хризотилот, неодамна на меѓународни состаноци за сослушувањата на Ротердамската конвенција во врска со хризотилот. CFMEU истакнал дека најголемиот дел од извозот оди во земјите во развој. Канада извршила притисок врз земјите, вклучувајќи го и Чиле, и други земји-членки на ОН да ги избегнат забраните за хризотил.
Во септември 2012 година, владите во Квебек и Канада ја прекинале официјалната поддршка за последниот рудник за азбест во Канада во Азбест, Квебек, денес преименуван во Вал-де-Сорс.
Наводи
Надворешни врски Институтот Хрисотил
„Ублажување на подни плочки и мастика што содржат азбест: Дали има доволно изложеност за да предизвика болести поврзани со азбест?“ Дир Вилијам Александар, Хауви Роберт Ендру, Зусман Џек, Вовед во минералите што формираат карпи, , OCLC 183009096 стр. 344–352, 1992 Леду, РЛ (ур.), Краток курс по минералошки техники за одредување на азбест, Минералошко здружение на Канада, стр. 35–73, 185, 1979. http://www.microlabgallery.com/ChrysotileFile.aspx Фотомикрографии на парахризотил и клинохризотил Нолан, РП, Лангер АМ, Рос М, Викс ФЈ, Мартин РФ (ур.), „Здравствените ефекти од хрисотилниот азбест“, Канадскиот минералог, Специјална публикација 5, 2001 година. Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Моноклински минерали Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Минерали на магнезиумот