мини|Мерел Конејн во 2022 година

Мерел Конејн (родена на 19 октомври 2001 г.) е холандска лизгачка во диспилината брзо лизгање.

Кариера Конејн го освоила холандското јуниорско првенство во олраунд во 2019 година. Таа го освоила златниот медал во екипно на Светското јуниорско првенство во брзо лизгање во 2020 година во Томашов Мазовјецки, заедно со Робин Грот и Фемке Кок. Конејн го освоила холандското првенство во олраунд во 2022 година, што ја квалификувало за Светското првенство во олраунд во 2022 година во Хамар.

Во 2021 година таа станала дел од тимот Вордстрим-Корендон.

На Зимските олимписки игри во 2026 година таа освоила сребрен медал во брзо лизгање на 5000 метри.

Наводи

Поврзано

Merel Conijn at isuresults.eu Merel Conijn at SpeedSkatingNews Merel Conijn at Milano Cortina 2026

Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2026 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Натпреварувачи на Зимските олимписки игри 2026