Потомци на сонцето (, ) — јужнокорејска воено-драмска телевизиска серија од 2016 г., во која главните улоги ги толкуваат Сонг Џунг Ки, Сонг Хје Кјо, Џин Гу и Ким Џи Вон. Серијата се прикажувала на телевизискиот канал KBS2 од 24 февруари до 22 април 2016 г., секоја среда и четврток во 21:55 ч. по корејско време.

Содржина Ју Ши Џин (го глуми Сонг Џунг Ки) е капетан на единица за специјални намени на јужнокорејската армија, кој се наоѓа во мировна мисија во жариштето на измислената земја Урук. Случајната средба со докторката Канг Мо Јон (ја глуми Сонг Хје Кјо) води до заемна вљубеност, но нивните професионални дејности не дозволуваат романсата да се развива непречено. Ши Џин мора да ги извршува наредбите на воената команда и да ги предводи војниците, додека Мо Јон не успева да стане професорка поради привилегираната положба на нејзината колешка конкурентка.

За време на еден од нивните состаноци, тие сфаќаат колку се разликуваат нивните погледи на животот: војникот мора да убива за да заштити други животи, додека докторката смета дека секој живот мора да биде спасен. Поради ова, тие одлучуваат да се разделат. Осум месеци подоцна, откако го одбива сексуалното вознемирување од страна на својот претпоставен, Мо Јон е принудена да замине во воена зона во Урук. Таму Ши Џин и Мо Јон повторно се среќаваат и заедно преживуваат земјотрес и епидемија, што повторно ги разгорува нивните чувства. По враќањето во Кореја, тие ја продолжуваат својата врска сѐ додека Ши Џин не е испратен на мисија каде што исчезнува без трага.

Улоги

| Сонг Џунг Ки || капетан Ју Ши Џин |- | Сонг Хје Кјо || Канг Мо Јон |- | Џин Гу || постариот водник Со Де Јонг

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик