Колеманит (Ca2B6O11·5H2O) или (CaB3O4(OH)3·H2O) — боратен минерал кој се наоѓа во евапоритни наслаги во алкални езерски средини. Колеманитот е секундарен минерал кој се формира со промена на боракс и улексит.

Првпат бил опишан во 1884 година кога бил пронајден во близина на Фурнес Крик во Долината на Смртта и бил именуван по Вилијам Тел Колман (1824–1893), сопственик на рудникот „Хармони Боракс Воркс“ каде што бил првпат пронајден. Во тоа време, Колман алтернативно го предложил името „смитит“, по неговиот деловен соработник Франсис Марион Смит.

Употреба Колеманитот бил најважната руда на бор сè до откривањето на кернитот во 1926 година. Има многу индустриски примени, како што е производството на стакло отпорно на топлина.

Појава Околу 40% од познатите светски резерви на колеманит се наоѓаат во рудникот Емет во западна Турција. Други важни извори во Турција се наоѓаат во Бигадич и Кестелек.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Моноклински минерали Категорија:Минерали на калциумот