Меч или Меж (, Меси; до 1926 година Μέτσι, МециΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέτσι -- Μέση) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу пет километри источно од градот Бер, во непосредна близина на железничката пруга, на надморска височина од 28 метри.

Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.

Историја

По 1922 година во селото биле населени грчки бегалски семејства.

Стопанство

Населението се занимава со земјоделство, а произведува главно пченица, овошје и памук.

Население

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Меч било село во Берската Каза и во него живееле 140 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.

По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Меч живееле 130 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.

Во 1913 година селото е забележано со 211 жители. Во 1920 година, селото имало 145, а во 1928 година имало 173, од кои 72 бегалци. Во 1940 година биле попишани 267 жители, во 1951 година 306, во 1961 година 375, во 1971 година 463, во 1981 година 498, а во 1991 година 484 жители.

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 504 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 568 жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Меч влегува и градот Бер и селата Лазохори, Мустали и Тарамон.

Наводи

Категорија:Бер (општина)