Ситноцветна незаборавка () — едногодишно растение од родот незаборавка Myosotis во семејството на лисичинките (Boraginaceae).

Подвидови Видот ги има следниве подвидови:

M. m. minutiflora M. m. segobrigensis

Опис Ова е едногодишно растение, високо до 15 см. Стеблото му е нежно, вертикално, од основата разгрането, во долниот дел со стрчести и кукесто свиткани влакна. Базалните листови му се собрани во розета, елиптични, лопатовидни или јајцевидно-копјести, долги до 15 мм, широки 2 до 5 мм, приседнати, од долната страна листовите се со кукесто свиткани влакна, а од горната страна со исправени влакна. Стеблените листови му се копјести или елиптични, приседнати, малку потесни од базалните листови и со слична влакнавост. Цветовите се збиени, особено во врвниот дел во срповидно соцветие, кое при образување на плодот е умерено издолжено. Цветните дршки на цветовите се многу куси, при образување на плодот достигаат до 1 мм, во долниот дел на соцветието стрчести или понекогаш најдолните слабо свиткани надолу, во горниот дел на соцветието стрчести или свртени нагоре. Чашката е yвончевидна, при цветање долга 1 до 2 мм, при образување на плодот се издолжува до 3,5 мм, всечена до 1/2 или понекогаш малку повеќе на 5 издолжени триаголни запци, со кукесто свиткани и прави, прилегнати влакна, отпаѓа. Венчето одвај подолго од чашката, проширениот дел од венчето со пречник од околу 1 мм, светлосино. Оревчињата јајцевидни, во врвниот дел заострени, долги 1,1 до 1,3 мм, широки 0,8 мм, со јасно изразена надолжна бразда, кафеави.

Живеалиште Живеалишта на ситноцветната незаборавка се планински пасишта и камењари. Се наоѓа на надморски височини од 1600 до 1800 метра.

Распространетост Ситноцветната незаборавка може да се најде во Македонија, Бугарија, Грција, Турција, Кипар, Иран.

Во Македонија Бистра – над с. Галичник; Ниџе – Добро Поле; Кожуф – Две Уши.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија