Макото Шинкаи () — јапонски режисер и аниматор, роден во префектурата Нагано во 1973 г. Неговото вистинско име е Макото Ницу (јап. 新津 誠). За филмовите на Шинкаи карактеристични се љубовните приказни со фантастични или бајковити елементи, како и колоритното и подробно прикажување на светот што ги опкружува ликовите. Неговиот филм Твоето име, објавен во 2016 г., одреден период било аниме со најголема заработка во светот на сите времиња.

Шинкаи студирал јапонска книжевност на универзитет. Уште во средно училиште сакал да создава манга, аниме и лесни романи. Неговото омилено аниме е Замок на небото. Шинкаи често го нарекувале „новиот Мијазаки“, иако самиот тој не се согласува со тоа споредување, изјавувајќи дека неговата работа е преценета. Исто така, истакнал дека сака да создава дела што имаат поразлични допирни точки со публиката од оние на Мијазаки. До почетокот на 2020-тите, споредбите со основачот на Studio Ghibli речиси престанале.

Во чест на режисерот е именуван и еден астероид.

Филмографија Филмови Македонски наслов Англиски наслов Година Улога во филмот Сценарист Продуцент Гласовен глумец Друго Ветеното место во нашите рани денови The Place Promised in Our Early Days 2004 Пет сантиметри во секунда 5 Centimeters per Second 2007 — Children Who Chase Lost Voices 2011 Градина на зборовите The Garden of Words 2013 Твоето име Your Name 2016 — Weathering With You 2019 Сузуме Suzume 2022

Наводи

Надворешни врски

Makoto Shinkai's Website Makoto Shinkai's Official Portal

Entry in The Encyclopedia of Science Fiction

Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Јапонски аниматори Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени на 9 февруари