Пештерска незаборавка () — вид цветно растение. Видот првпат бил опишан од Пјер Едмон Боасје, а неговото сегашно му го дал Жорж Руи.Rouy (1881) , In: Naturaliste 1: 501 Растението му припаѓа на родот незаборавка (Myosotis) во семејството лисичинките (Boraginaceae).Hassler M. (2019). World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World (version Nov 2018). In: Species 2000 & ITIS Catalogue of Life, 2019 Annual Checklist (Roskov Y., Ower G., Orrell T., Nicolson D., Bailly N., Kirk P.M., Bourgoin T., DeWalt R.E., Decock W., Nieukerken E. van, Zarucchi J., Penev L., eds.). Digital resource at www.catalogueoflife.org/annual-checklist/2019. Species 2000: Naturalis, Leiden, the Netherlands. ISSN 2405-884X.
Во Каталогот на живиот свет не е наведен ниту еден подвид.
Опис Пештарската незаборавка е едногодишно растение, високо до 15 см. Стебленцето му е нежно, тенко, полегнато или подигнато, разгрането, со стрчести влакна, во долниот дел со кукесто свиткани влакненца. Листовите му се елиптични, широко елиптични до јајцевидни, од долната страна особено по жилите со кукесто свиткани влакна, од горната страна со исправени влакна. Долните листови се со добро изразена дршка и со помали димензии од стеблените листови кои се приседнати, долги 12 до 25 мм, широки 5 до 10 мм. Цветовите се во мал број, собрани во издолжени срповидни соцветија, често со прицветници. Цветните дршки се куси (0,5–1 мм), при образувањето на плодот малку се издолжуваат, косо поставени или понекогаш стрчести по должината на оската на соцветието, која е со стрчести влакна. Чашката е yвончевидна, при цветање долга 1 до 1,5 мм, при образување на плодот се издолжува до 2 мм, всечена до половината на 5 издожено-триаголни запци, со кукесто свиткани влакна, отпаѓа. Венчето мало, проширениот дел од венчето со пречник од околу 2 мм, бело до синкаво. Оревчињаата се јајцевидни, долги околу 1,5 мм, широки 1 мм, во врвниот дел заострени, со надолжна бразда, кафеави.
Живеалиште Живеалишта на пештерската незаборавка се варовнички камењари и карпи.
Распространетост Пештерската незаборавка може да се најде во Македонија, Франција, Италија, Турција, Иран.
Во Македонија Бистра – над с. Галичник; Ниџе – Добро Поле; Кожуф – Две Уши.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија