мини|Карнотит од рудникот Хепи Џек, Моаб, Јута Карнотит — минерал од калиум ураниум ванадат со хемиска формула K2(UO2)2 (VO4)2·3H2O. Содржината на вода може да варира и често се присутни мали количини на калциум, бариум, магнезиум, железо и натриум. Тој е главна руда на ураниум. Тој е малку радиоактивен.

Појава Карнотитот е светло зеленикаво-жолт минерал кој обично се јавува како кора и снегулки во песочниците. Количини од само еден процент можат го обојат песочникот во светло жолта боја. Високата содржина на ураниум го прави карнотит важна ураниумска руда. Тој е секундарен минерал од ванадиум и ураниум кој обично се наоѓа во седиментни карпи во сушни клими.

Во Соединетите Американски Држави, тој е важна руда на ураниум во регионот на платото Колорадо, каде што се јавува како дисеминација во песочник и како концентрации околу скаменети трупци. Исто така, се јавува во американските држави Вајоминг, Колорадо, Јужна Дакота, Невада, Аризона и Јута. Понекогаш се јавува и во Грантс, Ново Мексико и округот Карбон, Пенсилванија.Mindat with locations

Карнотитот бил откриен во Конго (Киншаса), Мароко, Австралија (Рид Радиум) и Казахстан. Во Пакистан, карнотит се јавува во песочникот од средниот Сивалик од горниот миоцен (формација Дхокпатан), во близина на Такат Насрати, округ Карак.

Име и откритие Минералот првпат бил опишан во 1899 година од француските научници М. М. К. Фрајдел и Е. Куменж, кои го идентификувале во примероци од Рок Крик во округот Монтроуз, Колорадо, САД. Бил имнуван по Мари Адолф Карно (1839–1920), француски рударски инженер и хемичар.

Примена Карнотитот е руда од ураниум. Пред да биде измислен нуклеарниот реактор во 1942 година, тој се минирал првенствено за радиум или ванадиум.

Минералот се користел за производство на разни уреди што вклучуваат радиоактивни супстанции.

Поврзани минерални видови Постојат неколку поврзани минерални видови, вклучувајќи: маргаритазит ((Cs,K,H3O)2(UO2)(VO4)2·H2O) и тјујамунит, (Ca(UO2)2(VO4)2·5-8H2O).

Наводи

Надворешни врски Минерални галерии Категорија:Моноклински минерали Категорија:Ванадатни минерали Категорија:Минерали на калиумот