„Кучешки свет“ (италијански: Mondo cane) – документарен филм на режисерите Гвалтјеро Џакопети (Gualtiero Jacopetti), Паоло Кавара (Paolo Cavara) и Франко Проспери (Franco Prosperi) од 1962 година. Автори на сценариото се Џакопети и Кавара, а раскажувач во филмот е Стефано Сибалди (Stefano Sibaldi). Ова е првиот документарен филм од поджанрот мондо, кој се однесува на хорор документарни филмови кои прикажуваат шокантни, егзотични или табу теми со цел да ја провоцираат публиката. Филмот постигнал голем успех кај публиката и критиката, а претставувал како поттик за појавата на голем број слични такви филмови. Исто така, голема популарност доживеала и музиката на Рицо Ортолани и Нино Оливеира. Насловната песна „Море“ ја освоила наградата „Греми“ и била номинирана за „Оскар“. Pasji svijet, talijanski film (1962.) (пристапено на 28.2.2026)

Синопсис Во филмот се прикажуваат случки од повеќе држави, поврзани со нивните културни обичаи кои делуваат шокантно за западните гледачи. Притоа, сцените се прикажуваат со минимален континуитет во согласност со намерата на режисерите да дадат калеидоскопски приказ на шокантната содржина наместо структурирана разработка на темата. Иако повеќето од сцените се вистинити, некои се одглумени или се креативно манипулирани.

Наводи

Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Мондо-документарни филмови Категорија:Филмови на Гвалтјеро Џакопети Категорија:Филмови на Франко Проспери Категорија:Филмови на Паоло Кавара