Катерина Софија Кејн (родена Бејли; 11 март 1811 – 25 февруари 1886) — ирска ботаничарка, најпозната по нејзината книга за ирските цветни растенија „Ирската флора“ (1833).
Живот Катерина Софија Бејли била родена на 11 март 1811 година, единствено дете на Хенри и Бриџит Бејли (родена О'Кели). Татко и бил од Беркшир, Англија, и се селел низ Ирска поради својата работа како дестилер. Нејзиниот чичко Френсис Бејли бил астроном и потпретседател на Кралското друштво По смртта на нејзините родители на млада возраст, Катерина ја чувал нејзиниот чичко Матијас О'Кели од Рочестаун Хаус, Килини, округ Даблин.
Катерина се омажила за Роберт Кејн во 1838 година. Се верува дека го запознала Роберт Кејн откако делото „Ирската флора“ му бил испратен по грешка. Кога нејзиниот сопруг бил избран за претседател на новоформираниот колеџ „Квинс“ во Корк, Кејн одбила да се пресели таму, грижејќи се за својата колекција егзотични растенија.
Кејнови имале седум деца, вклучувајќи ги Роберт Ромни Кејн и Хенри Кој Кејн. Таа починала на 25 февруари 1886 година во Даблин.
Ботаничка работа Линеевото ботаничко дело „Ирската флора“ од 1833 година, кое било објавено анонимно, се припишува на неа. Катерина имала 22 години во времето на првото објавување на делото, било едно од првите од ваков вид и било пофалено за својата точност. Книгата станала препорачан текст за ботаника во колеџот Тринити во Даблин, бидејќи содржела запис за многу растенија. Џон Вајт, од Ирските ботанички градини, помогнал во составувањето на делото, и д-р Волтер Вејд го охрабрил во оваа работа. Во 1836 година, 25-годишната Катерина станала првата жена избрана за член на Ботаничкото друштво на Единбург, а нејзиниот хербариум се наоѓал во Универзитетскиот колеџ Корк. Катерина се интересирала за одгледување дрвја, пишувајќи за оваа тема за списанието „Ирско земјоделско и градинарско списание“.
Наводи
Категорија:Починати во 1886 година Категорија:Родени во 1811 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Ирски ботаничари