Амелија Смит Калверт (1876 во Филаделфија — 15 декември 1965 година, во Честер) —американска ботаничарка позната по проучувањето на флората на Костарика со нејзиниот сопруг, ентомологот Филип Пауел Калверт.

Живот и работа Амелија посетувала средно училиште за девојчиња (во тоа време наречено Нормално училиште за девојчиња), а потоа се запишала на Универзитетот во Пенсилванија, каде што студирала ботаника.

Откако дипломирала на Пенсилванија во 1899 година, Амелија добила истражувачка стипендија на колеџот Брин Маур се фокусирала на ембриологијата и физиологијата на дождовните црви. Нејзините резултати биле објавени во списанијата „Anatomischer Anzeiger“ и „ American Journal of Physiology“. мини|Животинскиот свет што го проучувал Филип Пауел Калверт додека Филип и Амелија биле во Костарика. мини|Слика од флората што Амелија Смит Калверт ја проучувала додека била во Костарика. Амелија Смит Калверт станала демонстратор по зоологија на Универзитетот во Пенсилванија, каде што, била постдипломец од 1904 до 1906 година.

Во 1909 година, Амелија Смит Калверт се преселила во Костарика со сопругот Филип Пауел Калверт, каде што тој две години вршел ентомолошки истражувања на некои животински видови, како што се гасениците. Додека престојувала во Костарика, Амелија продолжила да ги проучува жителите на флората. Нејзиното патување било далеку од одмор, пешачела низ покраината Картаго, до водопади во дождовни шуми и активни вулкани, низ пасишта и паркови, покрај речни корита и улички, собирајќи и фотографирајќи ги растенијата во регионот. Амелија создала „Фотографии од костарикански растенија“, албум во два тома составен од материјал собран на експедиција во Костарика од 1909 до 1910 година. Секоја страница од албумот содржи црно-бела фотографија од растение кое потекнува од регионот, со еден пасус напишан на машина за пишување текст што ги содржи латинските и вообичаените имиња на растението, неговиот изглед и карактеристики, специфичната локација на примерокот и датумот на кој е направена фотографијата. Повеќето од фотографиите прикажуваат примероци in situ (на лице место), но некои (особено оние со деликатни или необични лисја и цветови) се фотографирани пред обична позадина и често покрај скала од дваесет сантиметри. Во 1910 година, двојката се вратила од своето патување откако едвај преживеала силен земјотрес што го уништил нивниот хотел. Тие исто така патувале многу низ Европа и патувале во Британија во 1912 година и во Белгија, Холандија, Швајцарија и Италија во 1929 година, што било запишано во дневниците на Амелија Калверт, кои се чуваат во Американското филозофско друштво.

Година на костариканската природна историја Во 1917 година, Амелија и Филип ја објавиле својата книга „Година на костариканската природна историја“. Во студијата за фауна и флора, Калверт открила дека многу цвеќиња цветаат во сушна сезона каде што многу од овие цвеќиња се сушат. Ова било важно бидејќи тие биле извор на храна за многу од инсектите што ги проучувал Филип Пауел Калверт, како што се пеперутките и вилинските коњчиња. Нејзината книга, исто така, содржела фотографии од села и домородните народи на Костарика за време на нејзиното патување. Сликите вклучувале згради, портрети и традиционални настани, покрај нејзиното истражување за цвеќињата.

Панамска болест мини|Кафеава обоеност кај бананите погодени од Панамската болест. Патувањето на Амелија довело до нејзино проучување на Панамската болест кај некои од растителните светови. Меѓу тие растенија биле и бананите и како тие се размножуваат и растат. Во нејзините студии на плантажите со банани, таа пронашла темно кафеава нијанса. Оваа нијанса е незначителна боја само за здрави банани, па затоа било важно да се проучува брзиот раст на Панамската болест.

Избрано дело

Наводи

Категорија:Апсолвенти на Пенсилванискиот универзитет Категорија:Починати во 1965 година Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари