Мадан — град во Јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Смољанската Област. Има население од околу 5.977 жители (2024).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.03.2024 г.

Етимологија Името на градот потекнува од стариот турски збор maden, што во превод значи „минерал, руда или рудник“, а наведено е во постарите карти како Маден-Ќој, т.е. „рудно село“. Според друга теорија, со името „мадан“ се назовува примитивен механички уред за обработка и дробење на рудата — т.н. „самоков“

Географска положба Мадан се наоѓа во планински регион. Тоа е планински град со население од околу 6.000 жители, сместен во Родопите, на 30 км од Смољан и 120 км јужно од Пловдив.

Историја Според археолошко истражување, во близина на градот живеело тракиско племе за време на Антиката.

За време на Илинденското востание, градот имало 306 куќи.

Во 1953 година селото Мадан било прогласено за град. Во 1959 година кон Мадан била припоена месноста Малка Река, а во 1970 година — месностите Аврамовска и Јановска, селото Батинци и индустриската населба Бориева Река.

Сѐ до 1980-тите, рударството било најважниот економски сектор во градот. Како дел од структурните реформи од 1999 година, државната компанија Горубсо-Мадан била ликвидирана. 80 % од компанијата биле префрлени на руско-турскиот конзорциум Родоп-Инвестмент.

Во градот има и Музеј на рударството. Во 1984 година била отворена Кристална сала — „Родопски кристал“, која прикажува колекција од 581 минерал, пронајдена во регионот.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на општина Мадан

Категорија:Населени места во областа Смољан