Ajuga chamaepitys е вид цветно растение, скриеносеменици од семејството Усноцветни. Растението има многу исти карактеристики и својства како Ajuga reptans. A. chamaepitys може да се најде во Европа, источниот дел на Медитеранот и Северна Африка. Во Македонија регистрирани се неколку поединечни примери од овој вид се посочува во Скопска Црна Гора, Шар Планина, клисурата на реката Раец и Кавадаречко. Расте покрај патишта, по ораници, патишта, угари, брдски пасишта.

Ботанички опис Ajuga chamaepitys е мала тревно едногодишно или повеќегодишно растение кое достигнува 10-40 см во висина. Стеблото не разгрането или силно разгрането од основата, со вертикални или придигнати ливчиња со стрчести или прилегнати долги влакна. Листовите триделни со линејни сегменти и имаат спротивен распоред. Листовите можат да достигнат и до 4 см долги, поделени се на три линеарни лобуси и, кога се згмечуваат, имаат мирис сличен на борови иглички. Цветовите со многу куса дршка или скоро приседнати по 2 до 4 во секој нодиум. Чашката 4 до 6 мм дола, влакнеста и со ретки жлезди, со пет триаголни запци, кои се скоро еднакви со должината на трубичката на чашката. Прашниците се влакнести филаменти и излегуваат надвор од трубичката. Растението ги исфрла своите сјајни црни семиња блиску до матичното растение и семето може да остане живо во почвата до 50 години. Неговата сезона на цветање е генерално кон крајот на пролетта. Растение е значително намалено поради промените во земјоделството во планинските предели. На прв поглед, A. chamaepitys изгледа како мал бор со црвеникаво-виолетово влакнесто стебло со четири агли."Флора на Македонија", Владо Матевски: Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2, МАНУ, Скопје, 2021, стр. 201-202

Употреба на билката во народната медицина Ajuga chamaepitys има стимулативно, диуретично и еменагошко дејство и билкарите ја сметаат за добар лек за гихт и ревматизам, а исто така е корисна и кај женските заболувања. Во Левант, растението традиционално локалното население го користеле како аналгетик., s.v. Ajuga chamaepytis Добро познато растение било на билкарите од времето на Тјудорите кои ги користеле смолите содржани во листовите. Билката порано се сметала речиси како специфична кај гихт и ревматски заболувања. Листовите на растението биле сушени и мелени во прав. Таа била состојка на некогаш познатиот лек за гихт, Портланд во прав. Се состоела од листовите на Ajuga chamaepitys, кој има малку терпентински мирис и груб вкус, со слични својства опишани како на разреден алкохол.

Галерија

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија