Пештерата Шанидар (, ) е археолошко наоѓалиште на планината Брадост, во регионот на Курдистан во северен Ирак. Во оваа пештера се откриени остатоци од неандерталци во 1953 година, од кои најпознати се Шанидар 1, кој преживеал повеќе повреди, што силно укажува на грижа која ја добил од други членови во неговата група, и Шанидар 4, познатиот „погреб со цвеќе“, кај кој во гробот биле пронајдени поголеми количини полен, за кој првично се претпоставувало дека потекнува од намерно положени цветови."Shanidar Cave." Shanidar Cave | Unbelievable Kurdistan – Official Tourism Site of Kurdistan, http://bot.gov.krd/erbil-province-mirgasor/history-and-heritage/shanidar-cave До ова откритие се сметало дека само Кромањонците, најраните познати H. sapiens во Европа, биле единствените за кои се знаело дека вршеле целни, ритуални погребувања. Меѓутоа, овој заклучок е доведен во прашање, со тоа што се претпоставува дека поленот можеби е резултат на природни процеси, како на пр. акумулација од пчели.

Наводи

Категорија:Неандерталци