Dianthus formanekii — вид каранфил опишан од Борбас и Форманек. Dianthus formanekii е во родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Многугодишно жлездесто-влакнесто растение, кое достигнува висина до 50 см. Стеблото е вертикално и цилиндрично. Листовите линејни, широки 0,5–1 мм., со 5–7 жили, зелени и плоснати, на врвот заострени; ракавците се трипати подолги отколку широки. Цветовите се собрани во помали главичести соцветија составени од многу збиени цветови; прицветниците се елипсовидно јајцевидни, голи, пурпурноцрвени, нагло преминуваат во кратки осили кои се еднакви или покуси од самите прицветници.
Чашката е пурпурна, долга 6–10 мм. и широка 1,5 мм., во горниот дел има ретки прилегнати ситни четинести влакненца; запците се долги 2,5 мм. и завршуваат со издолжен заострен врв. Ливчињата на венчето имаат ламина долга околу 2 мм, со ретки назабувања, пурпурна боја и без влакненца во основата.
Расте на брдски пасишта и покрај патишта, до 600 м. надморска височина, на силикатна подлога. Растение со многу ограничено распространување.
Најчесто се среќава во централна Македонија: кај Кавадарци над селото Ваташа, кај Прилеп во манастирот Трескавец, во Мариово кај Расимбеговиот мост и кај Битола во селото Лопатница.
Галерија
Наводи Borb. ex Formanek, 1894 In: Verh. Naturf. Ver. Brunn. 32: 39 World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
Надворешни врски
Категорија:Каранфил
Категорија:Флора на Македонија