Ново Цеље ― населено место веднаш до Добриша Вас помеѓу Цеље и Жалец. Основано било во 1989/98 година од дел од територијата на населеното место Добриша Вас. Во 2015 година, местото имало осум жители, а во 2025 година 15.

Тука се наоѓа велепоседничкиот дом Ново Цеље од 18 век, најзначајниот пример за архитектонското наследство во Долносавињската Долина.

Се наоѓа на главниот пат помеѓу Петровче и Жалец. Зградата претставува и едно од најубавите барокни архитектонски творби во Словенија. Таму, пред велепоседничкиот дом, се наоѓал замокот Брутнберг (месно наречен Плумберк). Во 1752 година (1755 година), го купил за 25.000 гулдени грофот Антон Гајсрук, кој се сметал себеси за наследник на цељскиоте грофови. Тој го срушил стариот замок и изградил нов, сличен на виенскиот летен дворец Шенбрун. Во изградбата користел и материјали од Горниот цељски замок, што дополнително го забрзало неговото пропаѓање.

Влезот во домот Ново Цеље, веднаш лево од железничката линија Цеље-Велење, е украсен со статуи на Херкул и Самсон. Некои од статуите од имотот сега се чувани во Народниот музеј на Словенија во Љубљана.

Во средината на 19 век, некое време бил во сопственост на Ј.Л. Хаусман, татко на поетесата Фани Хаусман. Во 1860-тите, на неговите имоти бил одгледуван хмељ, по примерот на јужната германска покраина Баден-Виртемберг, што претставувало почеток на одгледувањето хмељ во Словенија. Пред Втората светска војна, во него се наоѓала болница за душевно болни. Во јуни 1941 година, припадници на германските вооружени сили депортирале 357 пациенти од тука. Тие биле погубени во гасни комори во Хартхајмовиот замок во близина на Линц, каде што повеќе од 18.000 умствено болни и инвалиди од цела Германија биле убиени во 1940 и 1941 година. Општина Жалец, сопственик на зградата, поставила спомен-плоча на влезот во чест на овој настан. Внатрешноста е делумно реставрирана.

Галерија

Поврзано

Список на населени места во Словенија

Наводи

Општи извори

Категорија:Страници со лошо заокружени бројки